Актерката од „Зона Замфирова“ нападната на паркинг – жена ја влечела за коса и ја извадила од автомобилот
- Детали
- вторник, 26 ноември 2024
Наводно, актерката излегувајќи од паркинг, со предниот дел од возилото ја удрила жената во пределот на колената, по што настанала вербална и физичка пресметка. Што знаеме за физичкиот напад врз актерката Слобода Миќаловиќ, која ја глумеше слугинката Васка во „Зона Замфирова“?
Српската актерка Слобода Миќаловиќ која се прослави со улогата на слугинката Васка во филмот „Зона Замфирова“ е топ тема во српските медиуми, откако вчера (25.11) била нападната на паркинг во Земун.
Како што пренесуваат српските медиуми, актерката сама повикала полиција вчера околу 19 часот.
Патролата востановила дека инцидентот се случил на паркинг, додека актерката со своето возило излегувала од просторот.
Наводно, Слобода ненамерно со предниот дел од возилото ја удрила случајната минувачка во пределот на колената, што прво довело до вербална, а потоа и до физичка пресметка.
„Жената со иницијали С. Д. наводно ја прашала актерката зошто ја удрила со автомобилот, а Слобода негирала.
Потоа настанал конфликт, а жената потоа почнала да ја влече актерката за коса и ја извлекла од возилото“ – пренесуваат српските медиуми.
Познатата актерка се жалела на болки во пределот на главата по што била пренесена во Ургентниот центар.
Во болницата дошол и сопругот на актерката, актерот Војин Четковиќ, со кого таа се запозна и ја започна љубовната приказна за време на снимањето на филмот, „Зона Замфирова“.
Видно потресен, Војин не сакал да дава изјави за медиумите, но познато е дека актерката по прегледот веднаш била пуштена на домашно лекување.
Според пишувањата на дел од медиумите, тој се обидел да ѝ го одземе телефонот на новинарката што го снимала настанот и ѝ го оштетил уредот.
Ohohoho .... #caosvima
— vasilije (@vasilij67850451) November 25, 2024
Vojin Ćetković oteo i bacio novinarki telefon! Šokantna scena ispred Urgentnog centra, vikao: "Ko si ti?!" https://t.co/6bkynBa484 via @telegrafrs
Според неофицијалните информации објавени во српските медиуми, на жената С. Д. која ја нападнала актерката веднаш ѝ бил направен алкотест, при што било утврдено присуство на алкохол од 0,66 промили во крвта.
Прочитајте и Слобода Миќаловиќ воодушевена од Охрид – сподели фотки од Свети Наум, каде уживаше со колегите
Б. С. Б. | Црнобело