Слобода Миќаловиќ воодушевена од Охрид – сподели фотки од Свети Наум, каде уживаше со колегите

Прошетка до манастирот Свети Наум, пловење со кајче низ изворите на Црн Дрим... Српската актерка Слобода Миќаловиќ сподели фотографии од посетата на најпознатиот манастир во Охрид, пред претставата со која ќе го затвори „Охридско културно лето“.

sloboda-mikjalovikj-voodushevena-od-ohrid-spodeli-fotki-od-sveti-naum-kade-uzhivashe-so-kolegite-01.jpg

Српската актерка Слобода Миќаловиќ деновиве престојуваше во Охрид, каде по повод затворањето на манифестацијата „Охридско културно лето“ денес (20.08) ќе игра во претставата „Алиса во земјата на стравовите“ на Југословенски драмски театар од Белград.

Но, слободното време, таа и колегите го искористиле за да посетат некои од убавините на македонскиот бисер, а секако посетата на Охрид, не би била целосна ако не се посети манастирот Свети Наум, каде и до ден-денес според верувањата може да се слушне отчукувањето на срцето на светецот.

sloboda-mikjalovikj-voodushevena-od-ohrid-spodeli-fotki-od-sveti-naum-kade-uzhivashe-so-kolegite-02.jpg

Слобода, која се прослави уште со улогата во филмот „Зона Замфирова“, каде го толкуваше ликот на слугинката Васка, не ги крие своите импресии од Охрид.

sloboda-mikjalovikj-voodushevena-od-ohrid-spodeli-fotki-od-sveti-naum-kade-uzhivashe-so-kolegite-03.jpg

Таа на Инстаграм објави повеќе фотографии од Свети Наум заедно со колегите, покажа како изгледа надворешниот и внатрешниот дел на манастирот, а сподели и кратко видео од возењето со кајче по изворите на Црн Дрим.

sloboda-mikjalovikj-voodushevena-od-ohrid-spodeli-fotki-od-sveti-naum-kade-uzhivashe-so-kolegite-04.jpg

Инаку претставата „Алиса во земјата на стравовите“ премиерно била изведена во 2022-ра година, а во неа, освен Слобода играат и Милена Радуловиќ, Милан Мариќ, Ива Манојловиќ...

Погледнете ги фотографиите во продолжение:

sloboda-mikjalovikj-voodushevena-od-ohrid-spodeli-fotki-od-sveti-naum-kade-uzhivashe-so-kolegite-11.jpg

sloboda-mikjalovikj-voodushevena-od-ohrid-spodeli-fotki-od-sveti-naum-kade-uzhivashe-so-kolegite-10.jpg

sloboda-mikjalovikj-voodushevena-od-ohrid-spodeli-fotki-od-sveti-naum-kade-uzhivashe-so-kolegite-09.jpg

sloboda-mikjalovikj-voodushevena-od-ohrid-spodeli-fotki-od-sveti-naum-kade-uzhivashe-so-kolegite-08.jpg

sloboda-mikjalovikj-voodushevena-od-ohrid-spodeli-fotki-od-sveti-naum-kade-uzhivashe-so-kolegite-07.jpg

sloboda-mikjalovikj-voodushevena-od-ohrid-spodeli-fotki-od-sveti-naum-kade-uzhivashe-so-kolegite-06.jpg

sloboda-mikjalovikj-voodushevena-od-ohrid-spodeli-fotki-od-sveti-naum-kade-uzhivashe-so-kolegite-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тони Зен со семејството во Италија, Катарина ужива со ќерката на Охридско Езеро: Што прават македонс... Поп-дивата Калиопи одржа концерт за паметење во Охрид, а во празничниот илинденс...
Миа Костова си купи нов автомобил, Столе Димитриевски со девојката во Њујорк: Што прават македонскит... Фудбалската легенда Горан Пандев во Струмица се дружеше со Марко Маринковиќ - Сл...
Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Објава на Македонка ги подели мислењата: „Охриѓани мавате со дрва и камења по скопјани, а со скапоти... Темата за односот на охриѓани и скопјани е несицрпна инспирација за коментари го...
Емилија Розман на романтична вечера во Охрид, откако скрши 11 ребра во „Заливот на коските“ – брат ѝ... Емилија Розман по незгодата кај „Заливот на коските“ повторно се врати во Охрид....
Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg