Зошто српските актери Слобода Мичаловиќ и Војин Четковиќ ги кријат ќерките од јавноста?
- Детали
- недела, 30 јули 2023
Во брак се повеќе од 15 години, се знаат многу одамна, но се вљубија на снимањето на филмот „Зона Замфирова“... Какви се ставовите околку ќерките близначки на овој славен пар?
Српските актери Слобода Мичаловиќ и Војин Четковиќ, кои се зближија на снимањето на филмот „Зона Замфирова“, се свршија во 2007, а стапија во брак во 2008 година. Тие се во брак деценија и половина, а одамна донесоа одлука да ги заштитат нивните ќерки од очите на јавноста.
Инаку, Војин има уште еден брак зад себе, а од видување од филмски сет наводно се знаеле со Слобода уште кога таа имала 17 години. Тој е 10 години постар од неа.
Парот наводно имал проблем да добие потомство, но за тоа не сакале да говорат јавно.
Тие откако добија близначки во 2010 година, одлучија дека нема да ги покажуваат во медиумите и навистина ретко може да се види како всушност изгледаат нивните ќерки Вера и Мила.
„Желба на Војин беше да ги заштитиме ќерките од јавноста, условно речено.
Но, не за никој да не ги види, туку за да бидат како и сите други деца, едноставно не сакавме да им наметнуваме да се носат со нашиот стил на живот.
Нема потреба прерано да влегуваат во тој свет, затоа што на нив тој свет ништо не им значи.
Ако ме прашате дали ми е жал што немам некои професионални фотографии со нив додека беа мали – жал ми е. Но, за другото не“, изјави во една пригода Слобода.
Во последно време српските медиуми постојано пишуваат за гласини околу крајот на бракот на актерите затоа што тие речиси никаде не се појавуваат заедно, сепак тие во една пригода се појавија заедно и среќни на кино и ги негираа пишувањата.