Анѓелка Прпиќ за првпат во јавност по скандалот – сите ѝ гледаат во стомакот, а бившиот сопруг дава изјави во кои ја оцрнува (видео)
- Детали
- четврток, 29 декември 2022
„Некои работи би требало да бидат свети, како на пример дека не треба да почнеш врска со пријателот на поранешниот сопруг“ – вели поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ, Дарио. Актерката за првпат се појави во јавност по избувнувањето на скандалот, во аутфит кој го крие стомакот.
Српските медиуми без престан пишуваат дека Анѓелка Прпиќ е во петтиот месец од бременоста и дека имала афера со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг, а таа за првпат се појави во јавност и говореше на разни теми, но не и за она што сите ги интересира.
Таа беше гостинка заедно со Марија Килибарда во емисијата „Medju Nama“ каде говореше за тоа што ја опушта, како се одмора пред празниците, но воопшто не коментираше за скандалот, додека нејзиниот поранешен сопруг, Дарио Прпиќ дава изјави во кои вели дека нејзе ништо не ѝ е свето.
Во првата изјава што нејзиниот поранешен сопруг ја даде за српските медиуми, тој го откри идентитетот на неговиот пријател Марио Жугиќ, со кого наводно Анѓелка имала афера, потврди дека тој требало да му биде кум на свадбата, но и дека неговиот пријател претходно 11 години бил во врска со друга девојка, со која ја раскинал свршувачката пред 2 години.
Потоа даде уште една изјава во која ја оцрни својата поранешна сопруга и рече:
„Не сум во контакт со Анѓелка, затоа што мразам лаги, а таа ја криеше вистината од мене. Некои работи би требало да бидат свети, како на пример дека не треба да почнеш врска со пријателот на поранешниот сопруг. Но, очигледно постојат луѓе на кои ништо не им е свето. Без разлика на тоа што сум ѝ поранешен сопруг, тој човек ми беше пријател.
Сакам да се стави точка на оваа тема. Само се шегував кога реков: ‘Можам да им бидам кум и немам ништо против тоа тој да го земе моето презиме’ и не сакав на тој начин да ја проширам приказната.
Мене тие двајца воопшто не ме интересираат. Нивен живот, нивен проблем. Се случи што се случи, животот од понатаму“ – вели Дарио.
Од друга страна пак, Анѓелка одлучи да се појави за првпат во јавност по избувнувањето на скандалот, а на себе носеше црн краток фустан и црна кожена јакна, така што целосно го покри стомакот иако сите се обидуваат во видеото да видат дали е точно дека таа е бремена и дали веќе има труднички стомак.
Не говореше за скандалите, но затоа откри како се одмора и што е она што ја прави среќна.
„Ме одмора масажата и јамб со Марија (Килибарда). Јас одев во нижо музичко училиште и сега не знам воопшто да читам, но по некоја случајност сега имам пијано и можам да кажам дека кога ќе почнам да свирам неколку ноти од интернет, тогаш сум фокусирана на тоа.
Тука сум и тоа ме одмора. Открив дека и кога синот ме тера да цртаме, јас прво бегам како да протеруваат ѓаволи од мене, а кога ќе седнеме тоа ме одмора“ – рече таа и признава дека во животот секогаш сакала повеќе да им удоволи на другите отколку сама себе.
Инаку, поранешниот сопруг на Анѓелка, Дарио веќе е во врска со Ана Павловиќ, а според српските медиуми тие двајца планираат да почнат да живеат заедно.
Во продолжение погледнете го во целост првото гостување на Анѓелка по избувнувањето на скандалот:
Б. С. Б. | Црнобело