Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од своите колешки?
- Детали
- петок, 11 октомври 2024
„Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон, а ти додај пари за другиот‘“ – раскажа во една пригода пејачката Милица Тодоровиќ, која е една од ретките познати Србинки која не направила естетска корекција на градите. Зошто не сака да го направи тоа?
Српската пејачка Милица Тодоровиќ се прослави со учеството во втората сезона на „Ѕвездите на Гранд“ во 2005-та година, а веќе 19 години има успешна музичка кариера.
Таа од мали нозе имала голем талент за музика, а кога имала само 13 години се пријавила на аудицијата за првата сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Иако ја поминала аудицијата, не успеала да се пласира понатаму во натпреварот.
Но, следната година, како најмлада учесничка во шоуто го освои првото место, што беше клучен миг во нејзината кариера.
Освен што се занимава со музика, таа се занимава и со глума, па така ја имаше главната улога во операта „Време Цигана“ на режисерот Емир Кустурица, која премиерно беше изведена во Париз.
Таа исто така се појави и во холивудскиот филм An Ordinary Man, кој во 2017-та година беше снимен во Белград, а во него главната улога ја имаше признатиот актер Бен Кингсли.
Милица се појави и во втората сезона на хит-серијата „Певачица“, каде го толкуваше ликот на Даша.
Но, она по што таа се истакнува од другите српски пејачки e тоа што таа се труди да го негува својот природен изглед.
Вели дека нема ништо против естетските корекции, но одбива да вгради силикони, иако има голем број негативни коментари за нејзиниот изглед.
„Не се жалам што имам мали гради. Ги сакам такви, какви што се.
Навистина нема потреба да ставам силикони, затоа што да имав верувајте дека би го направила тоа досега.
Кога само ќе помислам дека треба да ме сечат на местото каде што имам жлезди и од каде утре треба да го дојам детето, желудникот ми се превртува наопаку“ – рече таа.
Таа вели дека често добивала критики од момците во бендот, но и од стилистката која сакала да ѝ стави полнеж во градникот за градите да ѝ изгледаат поголеми.
„Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде Милице, ние ќе ти платиме еден силикон, а ти додај пари за другиот‘“ – раскажа таа во една пригода.
Инаку, Милица вели дека никогаш не се опседнувала премногу со килограмите, иако имало периоди кога се борела со сериозен вишок.
„Кога ќе претерам со храната, само ги намалувам оброците и тоа е тоа.
Се трудам да балансирам колку што можам, но јас сум голем гурман, па тоа често не ми оди од рака.
Кога сум нервозна, а некој ми даде да јадам салата, би можела да го задавам, но што ќе правам, се воздржувам“ – изјави таа.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело