Стана славна со улогата на проститутка, сега е новинарка која го истражува атентатот врз Ѓинѓиќ - Која е Милица Гојковиќ?
- Детали
- недела, 10 ноември 2024
Почнала да глуми за да му се приближи на актерот во кој била вљубена, денес има блескава актерска кариера, благодарение на Драган Бјелогрлиќ и улогата што тој ѝ ја даде, а со која привлече внимание заради разголените сцени. Која е Милица Гојковиќ, која ја има главната женска улога во новара серија за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ?
Актерката Милица Гојковиќ (35) е топ тема во сите српски медиуми, затоа што маестрално ја игра главната женска улога во серијалот за атентатот врз Драган Ѓинѓиќ, „Сабја“.
Сама признава дека сосема случајно почнала да се занимава со глума, а патот до слава за неа бил мошне тежок.
Милица имавме можност да ја видиме во улогата на проститутката Мара, во хит-серијата „Сенке над Балканом“, па потоа доби една од поважните улоги во серијата „Беса“, каде играше заедно со Милан Мариќ, а во „Јужни ветар“ глумеше дури две улоги …
Милица е од оние актерки што не сакаат премногу да зборуваат за приватниот живот.
Таа не објавува фотографии на социјалните мрежи, а за неа се знае само толку колку што таа сакала да сподели низ годините во интервјуата.
Таа неодамна стана мајка, a летово, на филмскиот фестивал во Кан, каде серијата „Сабја“ ја доби наградата за најдобар актерски тим, за првпат го покажа партнерот и јавноста дозна дека таа е во врска со директорот на фотографија, Александар Кошутиќ и дека очекуваат бебе.
Во една пригода, Милица раскажа како се вљубила во актерството како професија.
„Во животот сè што работам, го правам од љубов и љубопитност. Во основното училиште со своето одделение отидовме да гледаме една претстава, а јас во истата секунда се вљубив во главниот актер.
За да му се приближам, отидов на аудиција во тој театар и влегов. Некако со него ја засакав глумата. Тој си замина, а глумата си остана“ – рече таа.
Милица била решена дека сака да стане актерка, па трипати се обидувала да се запише на Факултетот за драмски уметности во Белград, но безуспешно.
На крај одлучила да се запише на приватниот Alfa универзитет во класата на професорот Небојша Дугалиќ и асистентката Хана Селимовиќ.
По завршувањето на образованието, Милица почнала да работи на театарски претстави, но вистинската слава ќе ја достигне во 2017-та година кога се појави во серијата „Сенке над Балканом“ на Драган Бјелогрлиќ, каде сними повеќе разголени и провокативни сцени како проститутката Мара.
Во 2018-та година ја доби улогата на Уна Периќ во хит-серијата „Беса“, која се вљуби во криминалецот Лука (Милан Мариќ). А во втората сезона која се снимаше во екот на короната, таа и Милан имаа непријатност кога се заразија од вирусот од детето што глумеше нивен син.
По ова, Милица почна само да реди успеси, а во 2019-та година стана дел од ансамблот на Југословенскиот драмски театар.
Вели дека нејзината тајна за успех е во трпеливоста и во тоа што никогаш не се залетувала да глуми што било, само за пари.
„Од сите улоги што ми ги понудиле, ги избрав само оние во коишто можам да напредувам. Не сум алчна, а истовремено сум многу трпелива.
Луксузот да бирам и да чекам во некоја рака го стекнав со тоа што станав постојан член на Ансамблот на ЈДП.
Toa e олеснителна околност за секој млад актер, голема чест и одговорност.
Од друга страна, кога подобро ќе размислам и пред да почнам да добивам постојани месечни примања не се осмелував да снимам што било. Живеев од хонорари и месеците ми беа неизвесни.
Еден ден имав пет денари во џеб, а следниот 55.000, но тоа не ми беше важно. Чекав!“ – откри таа во една пригода.
Во втората сезона на серијалот „Јужни ветар“, Милица имаше две улоги, односно глумеше две сестри близначки, од кои едната е новинарка, а доби голем број пофалби и позитивни коментари.
По ова следуваше снимањето на серијата „Сабја“, а српската актерка сама призна дека се борела за да ја добие главната улога, на новинарката Даница.
Улогата ја добила откако била на кастинг, а сама вели дека скокала од радост кога по само неколку дена ѝ јавиле дека ќе има можност да ја глуми.
Таа раскажа дека за да може да ја одигра улогата, претходно следела стари интервјуа на новинарки од 2003-та година, со цел подобро да го изгради ликот.
Б. С. Б. | Црнобело