Мајката на хрватскиот Кен, Марко Грубниќ, прослави 65-ти роденден – двајцата порцелански, како „препечени“ во солариум

Таа во гламурозен фустан со огромен букет, позира со синот во Versace кошула, а добија критики дека се премногу вештачки, како да се „прекварцани и пластифицирани“.

majkata-na-hrvatskiot-ken-marko-grubnikj-proslavi-65-ti-rodenden-dvajcata-porcelanski-kako-prepecheni-vo-solarium-01.jpg

Хрватскиот стилист Марко Грубниќ е познат по својот уникатен моден стил, но и фотографиите кои претерано ги уредува, на кои изгледа како порцеланска кукла.

Но, и неговата мајка Бранка ужива во гламур, луксуз и впечатливи стајлинзи, па многумина велат дека изгледаат како Барби и Кен.

majkata-na-hrvatskiot-ken-marko-grubnikj-proslavi-65-ti-rodenden-dvajcata-porcelanski-kako-prepecheni-vo-solarium-2.jpg

Неодамна, таа го прослави 65-тиот роденден, а по тој повод двајцата објавија фотосесија направена во домашна атмосфера, со стајлинзи како за црвен тепих.

„Викенд за славење... среќен роденден мами! Ми го правиш животот совршен, среќен и исполнет со љубов. Блескаш и горд сум што сум твој син.

Ти си кралицата на моето срце и не можеш да замислиш колку те сакам. Ти си ми најголема инспирација низ годините. Твојата сила, љубов, убавина и добрина се над сè останато што сум видел.

Листата може да оди до бесконечност. Ќе те сакам секој ден повеќе, до крајот на животот. Сè што сум јас и сè што имам, ти го должам на тебе“ – напиша Марко во емотивната честитка за мајка му.

На роденденската фотосесија, мајката и синот изгледаат гламурозно, но Марко повторно претерал со филтрите, па фановите покрај честитките, упатуваат и критики.

„Изгледате како прекварцана насловна страница за Барби и Кен“.

„Колку Фотошоп... прекрасна дама сте во живо, не дозволувајте толку да ве пластифицира на фотките“.

majkata-na-hrvatskiot-ken-marko-grubnikj-proslavi-65-ti-rodenden-dvajcata-porcelanski-kako-prepecheni-vo-solarium-02.jpg

Бранка во минатото, за медиумите има изјавено дека не ѝ пречи тоа што Марко толку ѝ го менува ликот на фотките, бидејќи според неа, тоа е негов стил и профилот му е како разгледница.

Уште неколку фотки од роденденот на Бранка:

majkata-na-hrvatskiot-ken-marko-grubnikj-proslavi-65-ti-rodenden-dvajcata-porcelanski-kako-prepecheni-vo-solarium-04.jpg

majkata-na-hrvatskiot-ken-marko-grubnikj-proslavi-65-ti-rodenden-dvajcata-porcelanski-kako-prepecheni-vo-solarium-05.jpg

majkata-na-hrvatskiot-ken-marko-grubnikj-proslavi-65-ti-rodenden-dvajcata-porcelanski-kako-prepecheni-vo-solarium-06.jpg

majkata-na-hrvatskiot-ken-marko-grubnikj-proslavi-65-ti-rodenden-dvajcata-porcelanski-kako-prepecheni-vo-solarium-07.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Вујкото и мајката на Ксенија Пајчин, која беше брутално убиена од партнерот: „Некои болки не се допи... Eдна од најголемите трагедии на јавната сцена во регионот беше кога манекенот Фи...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg