Игор Џамбазов за CRNOBELO лексикон: „Немам деца, а би сакал да имам“

„Срушив трафика на Нова Македонија со моторче, кога имав 13 години“ - напиша Игор Џамбазов во лексиконот на CRNOBELO.com.

igor-djambazov-za-crnobelo-leksikon-nemam-deca-a-bi-sakal-da-imam-01.jpg

Скоро и да не постои работа за Игор Џамбазов која не е позната во јавноста.

И покрај тоа актерот и шоумен знае да изненади и повремено да открие работи од својот живот со кои ќе ги заинтригира своите обожаватели или ќе си ја соголи душата.

Па така е и овој пат - Игор се потпиша во нашиот лексикон, и ни откри како се викала неговата прва симпатија, која е најголемата беља што ја направил во детството, но и кој лик од цртаните филмови би сакал да биде...

igor-djambazov-za-crnobelo-leksikon-nemam-deca-a-bi-sakal-da-imam-04.jpg

Прочитајте ги неговите одговори за лексиконот на CRNOBELO.com:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Игор Џамбазов, некои ме викаат Џамбаз, некои Иги Џамбо, некои мајсторе, некои Маестро...

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

Имам 61 година, во и хороскоп сум Рак, во подзнак Стрелец.

3. Која ти е омилена песна, пејач и пејачка?

Mother - Pink Floyd, пејачка Ела Фицџералд, а пејач Френк Синатра.

4. А омилена книга?

„Малиот принц“.

igor-djambazov-za-crnobelo-leksikon-nemam-deca-a-bi-sakal-da-imam-07.jpg

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Марлон Брандо, Мерил Стрип, филм - Godfather (првиот дел), а серија Third Rock From the Sun.

6. Кој ти е среќен број?

Седум.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имам кучка од расата дојрански вучјак, а се вика Ферхунде.

igor-djambazov-za-crnobelo-leksikon-nemam-deca-a-bi-sakal-da-imam-08.jpg

8. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Сите спортови, гледам сè. Во фудбал навивам за Borussia Dortmund, a омилен спортист ми е Новак Ѓоковиќ.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Тоа што сум.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Вода, чизкејк...

igor-djambazov-za-crnobelo-leksikon-nemam-deca-a-bi-sakal-da-imam-11.jpg

11. Кој ти е најдобар другар/ка?

Ѓуро Чуков од Сретеново.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Одличен. Омилен предмет - македонски јазик.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Чичко ми Ѓорѓи Ѓуров од Штип.

igor-djambazov-za-crnobelo-leksikon-nemam-deca-a-bi-sakal-da-imam-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg