Игор Џамбазов за CRNOBELO лексикон: „Немам деца, а би сакал да имам“
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Химен. Мој беше и гласот на цртаниот.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Бегање од школо.
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Срушив трафика на Нова Македонија со моторче, кога имав 13 години.
17. Дали некогаш си се степал?
Никогаш. А ме истепале неколкупати.
18. Што правиш во слободно време?
Пишувам...
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Во осумдесеттите, кога бев младо момче и кога Господ одеше по земја.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Деца...
21. Од што се плашиш?
Од себе.
22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Светле од Козле, не знам каде е и што е, а би сакал да знам.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
„I tebe sam sit kafano“.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Си купив мало мерцедесче од Ваташа, вреди многу повеќе од тоа што го платив.
25. Кое е најубавото место на светот?
Дојран, без конкуренција.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Игор: Дали често доаѓаш во Дојран, и зошто не?
CRNOBELO.com: Како редакција досега не сме биле, но имаме колешки што редовно доаѓаат и си пишуваат текстови за посетите.
Доаѓаат на прошетка, на крапче, на бањање, на Д-Фест и знаат да ги споделат искуствата, а доказ за тоа се и текстовите објавени на CRNOBELO.com...
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук