Се омажи за милијардер и заборави на кариерата: Миранда Кер роди 4-ти син
- Детали
- среда, 28 февруари 2024
Миранда Кер, поранешниот модел на Victoria's Secret, четврти пат стана мајка откако со сопругот Иван Шпигел го добија синот Пјер.
Миранда Кер, една од најубавите жени во светот и поранешен модел на Victoria's Secret, го роди своето четврто дете. Таа и нејзиниот сопруг, милијардерот Иван Шпигел, добија син кој се вика Пјер.
„Пресреќни сме што дојде нашиот мал сончев зрак, Пјер Кер Шпигел.
Не можеме да опишеме колку сме среќни и благословени што во нашето семејство дојде четвртиот син“, напиша моделот на Инстаграм.
Освен Пјер, Миранда од бракот со милијардерот, и еден од основачите на Snapchat, ги има и синовите Харт (5) и Мајлс (4).
Од првиот брак, со актерот Орландо Блум, таа го има синот Флин (12).
Кер и Блум беа во брак до 2013-та година и важеа за еден од омилените славни парови, а нивниот развод ја изненади јавноста.
По ова, Блум почна врска со Кети Пери, со која ја има ќерката Дејзи Дав (3).
Миранда, пак, почна врска со милијардерот Иван Шпигел, со кого се омажи во 2017 година.
Парот доби три деца, а поради мајчинството Миранда прифаќа сè помалку модни ангажмани, па на социјалните мрежи често се коментира дека заборавила на кариерата откако се омажила за милијардер.
А. Ј. | Црнобело