Марија Шерифовиќ го остави срцето во Скопје: „Ова вечерва не се опишува - ме оставивте без текст“

Марија Шерифовиќ вчеравечер растури на концертот во Скопје - проба ајвар на бина, ѝ се поклони на публиката, дури и се прекрсти во неверување на она што ѝ се случува, па порача: „Ме оставивте без текст“.

marija-sherifovikj-go-ostavi-srceto-vo-skopje-ova-vecherva-ne-se-opishuva-me-ostavivte-bez-tekst-01.jpg

Српската и балканска ѕвезда Марија Шерифовиќ синоќа (10.11) одржа концерт во арената „Борис Трајковски“, на кој, не само публиката, туку и таа ќе се сеќава цел живот.

Пејачката уште на првата песна беше пречекана со овации, а публиката запеа со неа во еден глас.

marija-sherifovikj-go-ostavi-srceto-vo-skopje-ova-vecherva-ne-se-opishuva-me-ostavivte-bez-tekst-07_copy.jpg

Како што се нижеа песните, така се зголемуваше еуфоријата, а атмосферата ја доживеа својата кулминација кога Марија ја испеа евровизиската „Молитва“.

Всушност, Шерифовиќ и не пееше, туку како да ѝ диригираше на неколкуилјадната публика, која во цел глас ја пееше песната од прв до последен стих.

marija-sherifovikj-go-ostavi-srceto-vo-skopje-ova-vecherva-ne-se-opishuva-me-ostavivte-bez-tekst-09.jpg

На неколкупати во текот на концертот пејачката велеше дека не е свесна што ѝ се случува и се заблагодаруваше за љубовта што ја добива од македонската публика.

Во еден момент на Марија ѝ подарија тегла со ајвар, а таа го проба „македонскиот кавијар“ и го оцени со 8,5.

Публиката ѝ правеше ѕвездено небо, а секоја песна ја наградуваше го громогласен аплауз и овации, па ни Шерифовиќ во ниеден момент не ги криеше своите емоции.

marija-sherifovikj-go-ostavi-srceto-vo-skopje-ova-vecherva-ne-se-opishuva-me-ostavivte-bez-tekst-03.jpg

Подеднакво беа воодушевени и членовите на нејзиниот бенд, кои објавија фотка на Инстаграм Стори со порака „Вистинска бајка во Скопје“.

marija-sherifovikj-go-ostavi-srceto-vo-skopje-ova-vecherva-ne-se-opishuva-me-ostavivte-bez-tekst-08.jpg

Шерифовиќ пееше скоро два и пол часа и ги остави срцето и душата на сцената.

И додека си одеше од салата, на Инстаграм Стори објави видео, под импресии од она што самата таа го доживеа на концертот.

marija-sherifovikj-go-ostavi-srceto-vo-skopje-ova-vecherva-ne-se-opishuva-me-ostavivte-bez-tekst-02.jpg

Сè уште емотивна, и по малку збунета, кажа дека останала без текст, што не ѝ се случува често:

„Сакам да изјавам за медиумите дека ова што го доживеав вечерва во Скопје, не се опишува со зборови.

Како што кажав и на концертот - ме оставивте без текст... без текст... без текст!

Јас не знам што се случи вечерва, кои планети се споија, какви луѓе сте, каква публика сте, што е ова.

marija-sherifovikj-go-ostavi-srceto-vo-skopje-ova-vecherva-ne-se-opishuva-me-ostavivte-bez-tekst-13.jpg

Драги господа, ми беше неверојатно голема чест и задоволство да пеам за сите вас.

Ве сакам до бесвест. Ви благодарам многу, се гледаме... еве, да не поминат пак 6 години“.

marija-sherifovikj-go-ostavi-srceto-vo-skopje-ova-vecherva-ne-se-opishuva-me-ostavivte-bez-tekst-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg