„И не заборавајте да спакувате – сапун, влажни марамчиња, тоалетна хартија, антибактериски гел во секое ранче. Знаете дека тука нема ништо од тоа“. Со овие зборови наставничката го затвора родителскиот состанок. Според нејзините насоки мислите дека се работи за услови со кои располага некое племе во Уганда, но тоа се сепак само условите во нашата мила Македонија...