Колку време не си дошла?, ме прашува забарката додека зјаам со отворена уста и ми ги прегледува забите. Од лани, одвај успевам да изговорам.Е, многу убаво. Наместо еден тогаш, сега ќе поправаме три заба. Лелее… а колку ќе чини? Па ќе видиме… ама не ми е јасно зошто не си доаѓате редовно на забар? Па докторке скапо ни е… ставка во буџетот е, 600 денари еден заб, не е малку...