Поучна приказна за мудриот човек и неговиот завидлив сосед

Си бил еден човек, познат по својата смиреност и љубов кон сè на светот. Секоја работа за која ќе се фател му успевала одлично.

pouchna-prikazna-za-mudriot-chovek-i-negoviot-zavidliv-sosed-01.jpeg

Сите го почитувале и често доаѓале кај него по совет.

Еднаш кај него дошол соседот, кој му завидувал на сè и бил многу надмен и горделив.

„Имам сè во животот. Живеам во комплетна благосостојба. Но, тебе те почитуваат повеќе во градот отколку мене. По твое мислење на кого ти личам јас?“, му се обратил соседот на почитуваниот човек.

Мудриот човек се насмевнал и кажал:

„Ми личиш на Бог.“

Љубоморниот богаташ задоволно се насмевнал, но сакал да му направи некоја пакост на соседот, па затоа викнал:

„Ти мене ми личиш на ѓубре. Не разбирам зошто цел град те почитува!“

Мудриот човек не му одговорил ништо, само малку се насмевнал. Тоа го налутило уште повеќе завидливецот , па прашал:

„Зошто не се навреди од моите зборови? Ти ме нарече Бог, а јас тебе ѓубре...“

„А зошто да се навредам. Тој што во себе го спознал Бог го гледа и во другите, а тој кој е полн со нечистотија, ги гледа сите други како куп ѓубре.

Поука: Човекот во другите го гледа тоа што се наоѓа во него самиот.

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg