„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“

„Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме скрши фактот што тој те избра тебе наместо мене. Се обидов да го оправдам, те обвинував за сета моја несреќа. Бев убедена дека сака да ми се врати, но дека ти не му дозволуваш...“

poraka-do-shvalerkata-na-mojot-mazh-ne-ni-sonuvav-deka-eden-den-kje-ti-bidam-blagodarna-01.jpg

Првиот пат кога ме изневери со тебе, те обвинував само тебе за тоа што ми се случува. Бев убедена дека тој е љубовта на мојот живот и дека ни е судено да остариме заедно, ама тогаш се вмеша ти и сè ми расипа.

Мислев дека манипулираше со него за да го заведеш и да го натераш да ме изневери со тебе.

Мислев дека е минлива страст и нешто што и двајцата ќе го надминеме и заборавиме, но тој ме остави поради тебе. Колку само бев глупава.

Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но она што ме скрши беше фактот што тој те избра тебе наместо мене.

Се обидов да го оправдам и да најдам причина за неговото однесување. Не можев да прифатам и те обвинив за сета несреќа што ми се случи.

Го чекав и бев убедена дека сака да ми се врати, но дека ти не му дозволуваш да го направи тоа. Што имаше ти, а што го немав јас, што му даде, а што не можев да му дадам јас?

Ми требаше долго време да се вразумам и да се соочам со себе. Почнав да полудувам и дури кога бев на работ да го допрам дното, некако се соочив со реалноста.

poraka-do-shvalerkata-na-mojot-mazh-ne-ni-sonuvav-deka-eden-den-kje-ti-bidam-blagodarna-03_copy.jpg

Сфатив дека ништо од ова не е навистина твоја вина. Тој е возрасен човек кој знае да носи свои одлуки и одлучи да биде со тебе.

Не беше твоја одговорност да се грижиш за моите чувства, тоа беше негова. Поминав години со него, па тој требаше да се грижи како неговите постапки ќе влијаат на мене.

Но, не го направи тоа. Ниту еднаш не се сврте и не помисли на болката што ми ја предизвика. И додека јас се борев да си го вратам животот во нормала, тој беше посреќен од кога било.

Тогаш сфатив дека единствената личност која треба да се грижи за мојата среќа сум јас и дека јас сум единствената која треба да се грижи за мојот живот.

Тогаш конечно најдов сила да ти простам и тоа беше најдоброто нешто што ми се случи. Се сетив на секој момент кога ме разочара, кога ме повреди и секојпат кога не ме почитуваше и не ме сакаше доволно.

Да не се случеше ова, никогаш немаше да знам колку сум силна и храбра. Никогаш немаше да дознаам како треба да изгледа вистински маж и дека не треба да се задоволувам со помалку од она што го заслужувам.

poraka-do-shvalerkata-na-mojot-mazh-ne-ni-sonuvav-deka-eden-den-kje-ti-bidam-blagodarna-02.jpg

Сега знам дека тој никогаш не ме заслужил ни мене ни она што му го дадов. А, ти ме научи дека кога мразиш, стануваш заробеник на сопствената омраза и дека простувањето е единствениот пат до ослободувањето.

Најважното нешто што ме научи е дека никој нема да ме сака додека не научам да се сакам себеси.

Да не беше ти, ​​никогаш немаше да ја доживеам љубовта што ја чувствувам сега и никогаш немаше да го сретнам човекот кој ме направи најсреќната жена на светот.

Благодарна сум ти затоа што конечно сум сакана и почитувана онака како што треба да биде секоја жена.

Да не беше ти, ќе го поминав остатокот од мојот живот со некој кој не знаеше да ме сака и почитува колку што заслужувам. Не ни сонував дека ќе ѝ бидам благодарна на жената што ми го украде мажот, но еве, го правам токму тоа.

Извор 

фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg