Не размислувај скромно: 5 правила за успех на Арнолд Шварценегер
Познатиот актер, некогашен политичар и активист Арнолд Шварценегер, досега има одржано неколку предавања и говори на тема успех.
И тврди дека постојат 5 основни правила за да го достигнете.
Во продолжение најважните сегменти од говорот:
Луѓето секогаш ме прашуваат – што е тајната на успехот?
Секогаш помислувам да им одговорам во скратена верзија – мора да имаш бицепс од 22 инчи. И мораш да убиваш предатори со голи раце и секако, мора да го имаш овој шармантен акцент.
Втората, подолгата верзија има 5 правила и не мора да бидеш актер или акционен херој за нив.
Ако сакаш да напредуваш и нешто да направиш во животот, ова се правилата:
1. Пронајди ја својата визија
Прво правило е да ја пронајдеш својата визија и да ја следиш. Ако ја немаш, нема да бидеш среќен.
Имав многу јасна цел да станам шампион, Mister Universe и да снимам филмови. Од тој момент не ми беше важно колку нешто е тешко, јас имав цел.
Секогаш пронајди ја својата визија и другото само ќе се реди потоа.
2. Никогаш не размислувај скромно
Јас не сакав да снимам филмови, туку сакав да бидам филмска ѕвезда. Сакав да бидам најплатениот актер, сакав да бидам следниот Џон Вејн.
Што значи, никогаш не размислувај скромно.
3. Игнорирај ги негативните луѓе
Мислам дека е природно сите да имаме големи соништа. Но, многумина ќе ти речат дека никогаш нема да успееш. Или дека сето тоа е невозможно.
Сè што негативните луѓе кажуваат дека е препрека, само треба да се прескокне. Игнорирајте ги.
4. Загреј го столчето и потруди се
Не сакаш да не успееш само затоа што не си се потрудил доволно. Не е важно во која област работиш. Без труд нема успех. Само работи, работи и работи!
5. Немој само да земаш, дај нешто за возврат
Погледни се во огледало и немој да се гледаш само себе. Погледни и зад себе – ќе видиш милиони луѓе на кои им треба твоја помош.
Секоја прилика користи ја нешто да им дадеш за возврат на луѓето.
Сите можеме да ги промениме работите во нашата близина, соседството, училиштето. Мораме да сфатиме дека сè е до нас самите.
М. Д. | Црнобело