27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате)

Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност.

27-raboti-shto-ne-sakate-da-gi-slushnete-a-sepak-morate-01.jpg

Кога некој ќе ви ја каже вистината в лице, таа може да ве заболи. Тогаш ја губите илузијата дека сè e под контрола, дека знаете сè, дека сте најдобри...

Но, понекогаш е добро да ги слушнете сите овие вистини, колку и да ве болат (и да ги прифатите).

Кои се тие?

1. Луѓето ќе се однесуваат подобро со вас ако се грижите повеќе за својот физички изглед.

2. Не треба да оддавате впечаток дека „не ви е гајле што мислат другите“, бидејќи тогаш и на нив нема да им биде важно вашето мислење.

3. Не смеете да се грижите за себе, своето здравје и својот изглед поради другите, туку лично за себе.

4. Луѓето ќе сакаат да инвестираат во вас дури откако ќе станете успешни.

5. Во светот постојат млади, талентирани, вредни и упорни луѓе „на тони“ (и многу од нив се далеку подобри од вас).

6. Луѓето со пари и стручно знаење се многу пребирливи.

7. Престанете да се надевате дека ќе се случи некое чудо и дека на полесен начин ќе дојдете до целта - заслужете го успехот, работете постојано и остварете еден успех пред да се фокусирате на втор.

8. Луѓето ќе почнат да ви веруваат повеќе кога ќе станете поодговорни со вашите пари.

9. Премногу луѓе бесрамно бараат пари, наместо да бараат вработување.

27-raboti-shto-ne-sakate-da-gi-slushnete-a-sepak-morate-02.jpg

10. Ако се однесувате како жртва, талентираните и вредни луѓе никогаш нема да ве примат во својот круг.

11. Луѓето ќе почнат да ве ценат кога ќе престанете да го барате нивното почитување и кога конечно ќе се фокусирате на својот живот.

12. Престанете да правите работи со кои мислите дека ќе ги импресионирате другите - почнете да правите работи за кои ќе си бидете благодарни самите на себе во иднина.

13. Колку повеќе барате од другите да ве ценат, тие толку повеќе ќе ве гледаат „одозгора“ и со потсмев.

14. Среќните луѓе сакаат да се дружат со други среќни луѓе.

15. Сè додека делувате депресивно, луто, недоверливо, никогаш нема да привлечете позитивни луѓе.

16. Ако не ви се допаѓаат врските во коишто сте во моментов (љубовна, деловна, семејна, брачна, другарска), наместо да ги смените луѓето, најпрво „работете“ на себе, станете подобри и посреќни.

17. Не работете напорно на нешто за што знаете дека е безнадежно и дека нема да даде резултати.

18. Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност.

27-raboti-shto-ne-sakate-da-gi-slushnete-a-sepak-morate-04.jpg

19. Неопходно е да направите жртви, но погрешно е да очекувате некаква награда само затоа што сте се жртвувале.

20. Повеќето жртви што ги правиме се залудни.

21. Животот е краток, живеете - умирате, тоа е тоа.

22. Повеќето луѓе со кои ви се разминале патиштата веќе и заборавиле дека постоите, затоа опуштете се.

24. Останете скромни, не претпоставувајте дека вие знаете подобро од другите.

25. Бидете амбициозни, но не лакоми.

26. Бидете со отворен ум, но не дозволувајте да ве збунат лесно.

27. Бидете љубопитни, но тоа нека не ви го одвлекува вниманието.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg