Еден ден, додека си трепнал, ќе остариш. Кожата ќе ти се збрчка, очите и веѓите ќе ти виснат надолу. Телото ќе започне да одбива послушност. Ти ги тераш нозете напред, а тие се враќаат назад. Те урнуваат ничкум, одеднаш си на земја, како мало дете. Ти доаѓа да испуштиш солза, одвај се додржуваш. Ах сине, лоша е староста, лоша. Постојано си повторуваш – да си бев помлад, ех што ќе направев, ех каде ќе отидев, ах да ми се твоите години...