„Младоста да ти ја имам сине, живеј ја, затоа што не се враќа“

Еден ден, додека си трепнал, ќе остариш. Кожата ќе ти се збрчка, очите и веѓите ќе ти виснат надолу. Телото ќе започне да одбива послушност. Ти ги тераш нозете напред, а тие се враќаат назад. Те урнуваат ничкум, одеднаш си на земја, како мало дете.

Mladosta-da-ti-ja-imam-sine-01.jpg

Ти доаѓа да испуштиш солза, одвај се додржуваш. Ах сине, лоша е староста, лоша. Постојано си повторуваш – да си бев помлад, ех што ќе направев, ех каде ќе отидев, ах да ми се твоите години.

На најблиските тоа им е досадно за слушање. Како некоја расипана касета, запнала на истата песна. Чувствувам како превртуваат со очите на моето „младоста да ти ја имам сине“. Знам, знам, здодевен сум. Со истите гачки, со истите муабети.

Ама не ти доаѓа да кажеш нешто ново. Што да кажам? Колку денот е бескрајно долг? Што вести сум гледал на телевизија или како сум купил леб утринава во продавница? Исто како вчера, исто како и утре.

Секој ден ми е ист. А кога доаѓате да ме видите, мене ми е празник. И тогаш сами извираат приказните од мене, да ги слушнете, да ги запаметите, да ги прераскажувате.

Еден ден кога ќе ме нема, можеби ќе ме спомнеш. Ќе си речеш – имав еден досаден дедо, ама многу интересни приказни раскажуваше.

Стар сум и уморен. Ама се умира ли кога тебе ти се сака? Еден ден, додека да трепнеш, веќе си старец. Ти имаат поставено дијагнози што не можеш ниту да ги прочиташ, ниту да ги изговориш. Заспиваш со полна шака лекови, оти инаку не бидува.

Јадеш помалку и од маче. Не е слатка храната во староста како кога си млад. Порано и баба ти пазеше на „линијата“, си кратеше од колачињата и питите. Каде е сега да си каснеме заедно? Не ти е слатка храната кога си стар, ниту ти се јаде, ниту ти се пие.

А немаш ни со кого. Тогаш е најстрашно. Кога си сам и кога немаш со кого да го поделиш лебот. Не се пие кафе сам, не се јаде леб сам.

Ми се жалиш дека не ти стигнува денот, краток ти е. Мене пак ми е и премногу долг денот. И ноќта. Бесконечни ми се гледаат. Таква е староста, долга, осамена, проклета.

Рацете ти се тресат. Ти паѓаат работи од нив, како да се лизгаат, па срамежливо го наведнуваш погледот додека те караат како некое мало дете. Ќе се поцедиш со супа, па пак ќе ти подвикнат.

Се свртел кругот, повторно си мало уплашено дете во телото на снеможен немоќен старец.

И кога ве гледам вака, тажни, жални, сакам да викнам на целиот глас – живејте бе деца! Тешко е, но живи сте, здрави сте, можете. Живејте оти младоста е една. Живејте ја, зашто не се враќа...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg