Едноставен рецепт за да бидете среќен човек
Престанете да чекате да го отплатите автомобилот, да купите стан, да најдете нова работа, да се омажите/ожените...
Сами себе се уверуваме дека животот ќе ни биде подобар кога ќе најдеме нова работа, момче/девојка, ќе стапиме во брак, ќе имаме деца...
Среќата ја одложуваме за во иднина, а потоа сме исфрустрирани и незадоволни од нашиот живот во сегашноста.
Ниту новиот автомобил, ниту патувањето, ниту партнерот нема да ви донесат среќа ако не ги отворите ширум очите и сами не ја видите убавината на животот.
Најдобро е да си признаете дека среќата лежи во вас и и покрај сè да одлучите да бидете среќни.
Затоа престанете да чекате...
Да го отплатите автомобилот.
Да купите стан.
Да продолжите со студиите.
Да ги завршите студиите.
Да изгубите 10 килограми.
Да качите 5 килограми.
Да се омажите/ожените.
Да се разведете.
Да добиете деца.
Да ви заминат од дома децата.
Да одите во пензија.
Да дојде лето/ пролет/ есен/ зима.
Да умрете.
Нема подобар миг за среќа од овој сега. Среќата е животен целиот пат, а не одредена цел.
С. С. | Црнобело