Поучна приказна - најважно е да имаме за кого да живееме
Докторот безнадежно и загрижено гледал во неговиот пациент.
Стариот дедо лежел беспомошно на креветот. Иако имал само грип, изгледал како на рамениците да му натежнале сите животни маки и решил да се предаде.
Безволно лежел во креветот, бил блед и веќе цела седмица ниту еден лек не му делувал. На докторот му изгледало како да нема надеж.
Наредниот ден на утринската визита докторот повторно отишол кај својот пациент.
Се изненадил кога го видел дедото весел и насмеан. На лицето му се вратила бојата и тоа му влеало голема надеж на докторот.
Тој го прашал дедото:
Што се случи со тебе? Вчера за малку ќе умревте, а денес сте толку свежи. Од каде оваа промена?
Старецот се насмеал и признал:
Имате право. Вчера во болницава дојде да ме посети мојот внук и ми кажа:
„Дедо, мораш брзо да закрепнеш и да дојдеш дома. Ми се расипа велосипедот.“
Сфатив дека имам за кого да живеам. Сега само сакам што побрзо да се вратам дома.