Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив

Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам следново – нема да зажалите ако му се јавите на вашиот татко.

javete-im-se-na-roditelite-odete-kaj-baba-vi-i-dedo-vi-ne-znaete-kolku-vreme-vi-ostanuva-so-niv-01.jpg

Јавете му се на вашиот татко.

Кога ќе ве праша зошто се јавувате, кажете дека само сте сакале да му го слушнете гласот. Или, подобро, заблагодарете му се за попладнето пред многу години кога трпеливо ве научил како да смените автомобилска гума.

Кажете му дека секојпат кога гледате фудбал, се потсетувате на мрзливите денови поминати со него.

Дајте му до знаење дека навистина ги цените сериозните разговори со него, кога најмногу ви требало неговото водство.

Кажете му дека го сакате и дека се чувствувате толку среќно што од сите татковци на светот, тој е вашиот.

Јавете ѝ се на вашата мајка.

Кажете ѝ колку ви значи што била таму за секоја ваша приредба, за секој натпревар, за секоја родителска средба.

Извинете се за вратите што сте ги трескале пред неа.

Кажете ѝ дека сте свесни дека сè што правела, правела со најдобар интерес за вас… дури и кога ѝ се кршело срцето.

Кажете ѝ дека конечно ја разбирате големина на нејзината љубов кон вас, бидејќи ја чувствувате секојпат кога гледате во вашите деца.

javete-im-se-na-roditelite-odete-kaj-baba-vi-i-dedo-vi-ne-znaete-kolku-vreme-vi-ostanuva-so-niv02.jpg

Најдете време да одите на гости кај вашите баба и дедо.

Тропнете на вратата и силно прегрнете ја баба ви кога ќе ви отвори.

Пофалете ѝ ги цвеќињата и кога ќе ви понуди уште едно колаче, земете го со насмевка.

Прашајте го дедо ви дали го решил крстозборот и внимателно слушајте го кога ви раскажува приказни од детството.

Ветете му дека ќе му ја искосите тревата следната недела и дека ќе навивате за неговиот омилен фудбалски тим.

Прегрнете го вашиот сопруг.

Силно. Долго.

Запомнете го чувството на неговите раце околу вас и вдишете ја неговата миризба – дури и ако е малку извалкан од напорниот ден на работа.

Бакнете го нежно, погледнете го во очи и најдете го мажот во којшто сте се вљубиле некогаш. Присетете се колку пеперутки сте имале во стомакот.

Ценете ја удобноста што ви ја дава кога деновите со долги и понекогаш тешки.

Пратете му порака на вашиот брат почнувајќи со „Се сеќаваш ли кога…“

Дозволете си да се изгубите во сеќавање на деновите што ги поминувавте учејќи и растејќи заедно, под ист кров.

Оставете коментар на фотката на сестра ви, кажете ѝ дека е убава однадвор, но дека она што блеска најмногу е нејзината внатрешна светлина.

Прашајте ја за новиот дечко и осигурете се дека ќе сфати дека тој е среќен што ја има неа.

javete-im-se-na-roditelite-odete-kaj-baba-vi-i-dedo-vi-ne-znaete-kolku-vreme-vi-ostanuva-so-niv03.jpg

Најдете време за кафе со најдобриот пријател што не сте го виделе одамна.

Не само да му речете „Ајде на кафе“, туку закажете датум и заокружете го на календарот.

И, кога ќе завршите со сите овие работи, тивко влезете во собата каde што спијат вашите деца и бакнете еднаш, двапати, трипати на челото.

Кажете им дека ги сакате и пред да излезете од собата, погледнете ги за миг.

Направете го сето ова денес. Не чекајте.

Овде, сега, во оваа секунда… Тоа е сè што ни е ветено со саканите. Некогаш го забораваме ова.

Во овој непредвидлив живот, навистина не можеме да земеме ниту една секунда „здраво за готово“.

Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам следново:

Нема да зажалите ако му се јавите на вашиот татко.

Извор

Би можело да ве интересира:

Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg