Во морето безлични и бездушни луѓе, ретки се оние кои се сè уште добри, нерасипани, со неизвалкана душа и образ. Просто ти доаѓа да ги заштитиш со закон како некои ретки ендемски видови. Многу народ околу нас, ама малку луѓе. „Кај отидоа луѓето?“ – беше прашањето кое баба ми упорно го поставуваше непосредно пред да почине...