Никогаш немојте да се потценувате себеси. Едноставно, поставете си одредени стандарди и очекувања, бидете свесни колку точно вредите и немојте да ги газите сопствените принципи и своето „јас“, само за да не останете сами на светот и векот. Многумина паѓаат во таа замка – леле, зарем не е срамно да сум сам/а, колку години имам, што ќе кажат роднините...