Стојам до маса чекајќи келнерката да ја раскрене, дојде госпоѓа и вели „Ах, слободно е“ и си седна

Го гледав нејзиниот некултурен потег во Градскиот парк во Скопје и душата ме болеше со кого дишам ист воздух...

stojam-vo-kafule-do-edna-masa-kelnerkata-da-sobere-dojde-gospogja-veli-ah-slobodno-e-i-si-sedna-001.jpg

Вчеравечер појдов во едно кафуле во градскиот парк. Природа во лето е секогаш добра опција, дури и кога е во центарот на главниот град.

Преполно со народ, со убава енергија, онакво Скопје какво го обожавам. Но, само што пристигнав една госпоѓа ми плесна студена шлаканица да ме потсети со кого го делам градот.

Имаше слободна масичка, келнерката ги собираше чашите од претходните гости и ја бришеше и јас застанав до неа, веднаш до масата, но не седнав за да не ѝ пречам. Сакав да почекам миг, два за да заврши на раат, па да си седнам. Кога една госпоѓа се залета со брзина на светлината влечејќи ја пријателката, седнувајќи на едно од столчињата и велејќи ѝ: „Седнувај слободна маса најдовме, добро е.“

Искрено, не знаев дали да се смеам, дали да плачам. Келнерката се врти кон мене и со онаков поглед полн сочувство ми вели: „Тоа е таа наша култура“. Ѝ велам ми треба да си ги протријам очите за да поверувам дека ова што го видов е вистина. Дека госпоѓа во своите 50-ти, која треба да биде пример за култура и манири, се направи дека не ме гледа и пред нос ми ја зема масата.

Дури и избегнуваше да направи контакт со очите откако останав некоја минута да зјапам во неа, уште во бунило што направи, сè додека партнерот не ме повлече на страна за рака со ставот „Ајде, големо чудо“.

Големо е, не е мало, но како да му објаснам? Не е за масата, станаа едни луѓе, седнавме на друга маса. Не дека сум оштетена нешто многу, но оштетена сум од тоа што за неа бев невидлива, од тоа колку е себична, некултурна и ужасна личност. Извинете, ама ужасна. И таа сигурно има и деца и внуци и ги воспитува, се разбира, по својот образ.

Што значи од ден на ден некултурните луѓе се мултиплицираат, а ние културните ќе си трпиме и ќе си голтаме. Нема да ѝ преречеме затоа што културата не ни дозволува, ќе се тргнеме на страна и ќе ѝ дозволиме да се однесува како главен шериф во градот. И неа убаво ќе ѝ биде, затоа што тоа што го наумила ќе го исполни, а грижа на совест нема да има затоа што нема совест и не е ни свесна колку низок потег направила.

Неа тоа сигурно ѝ е нормално, така функционира секогаш и секаде. Сигурно ова не ѝ е случаен кикс, туку ѝ е добро осмислено однесување и начин на живот. И, за жал, ваквите ги има секаде и ги гледам секој ден. И додека ние коментираме колку се за жалење, тие живот живеат.

Изгледа време е јасно да им кажеме „Каде со такво однесување? Дали мислат дека живеат на пуст остров? Дали не се свесни дека се дел од општество во кое има одредени норми на однесување?“

Уште ми е мака што не ѝ кажав дека однесувањето ѝ ја рефлектира сиромаштијата на душата.

Ветувам, следниот пат нема да премолчам! Ако продолжам така јас, ако продолжите така вие, каде ни е крајот? Буквално ќе се удавиме во некултура во нашава ни држава.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Скопје мое! Те сакам тебе и твоите липи на Партизанска, јапонски цреши на Максим Горки и калдрмата в... Ах, тие твои магични кафулиња на секое ќоше, сончевите денови, Воднооо, Градскио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg