Убава си, но немаш 2 грама мозок, што значи дека автоматски стануваш непривлечна

Повеќе од очигледно, убавината стана идеал кон кој сите се стремиме во денешницата.

Ubava-si-no-nemas-2-grama-mozok-01.jpg

Бомбардирани и преплавени од статии кои нè подучуваат како да го скриеме салцето кое ни се прелева од мешињата, до мотивациски цитати кои нè охрабруваат дека „можеме, само доколку вистински сакаме“ и фотки на совршени девојки кои изгледаат како да немаат ниту една грижа на умот, сите сакаме само да бидеме убави!

Бидејќи убавината стана еден вид валута која отвора железни врати, која ти купува внимание, која те носи на погорното скалило на кариерата, бидејќи од две навидум подеднакво способни кандидатки секако дека ќе ја избереш поубавата за работата, нели?

Не. Еве и зошто. Убавината – се купува. Да, звучи просто неверојатно, но со многу мал исклучок, а со огромна помош на индустријата за разубавување, можете да си го смените личниот опис. Можете да си го коригирате носот и ушите, да си ги поткренете очните капаци, да си ги пополните јаболчниците и усните со магичниот хијалурон.

Можете да си ја смените должината и бојата на косата, бојата на очите со помош на леќи, да научите совршено да се нашминкате. Да си ги пополните веѓите кои така несреќно ги уништивте во текот на ’90-тите години додека траеше манијата по веѓи-конци, наместо денешните веѓи-пијавици.

Можете да се стегнете неколку месеци па дури и година во теретана и да го симнете сето тоа сало, да оформите фит фигура и да се облечете од глава до петици по последна мода, да чекорите исправено по улиците додека мажите воздивнуваат по вас, а жените љубоморно ве загледуваат.

Убавината се купува. Неприкосновен факт. Убавината се лажира, со помош на техники на шминкање, облека која одговара на вашиот тип на тело, па дури и Фотошоп и Инстаграм филтри.

Конечно, убавината е минлива. За жал, не трае вечно. За некои 2 декади и покрај твојата упорна нега и грижа, времето ќе почне да те прегазува. Тогаш стануваш една очајна жена која упорно одбива да си ги прифати годините и стареењето, длабоко свесна дека можеш да купиш сè, освен време.

Убава е, прекрасна е, како излезена од бајките. Уште тоа што ѝ излегуваше од устата да беше нешто паметно.

Толку убави девојки кои немаат 2 грама мозок. Во моментот кога ќе ја отворат устата да кажат нешто, ви станува јасно дека се необразовани, неартикулирани и автоматски ви стануваат одбивни.

По „муабетот“ со нив повеќе не ви се толку многу убави. Напротив, „влечат“ некоја антипатичност и одбивност во себеси. Тропаат глупости од кои те јаде „туѓиот срам“, додека тие си свиркаат во некоја безгрижност, каде што царува само убавината.

Не е доволно. Никогаш не било доволно, а не е ниту денес, колку и да изгледа дека современото општествено е опседнато со надворешна убавина.

Празноглави сте, и ниту една шминка и фризура не може да го покријат фактот дека носите празна глава на рамениците.

Невоспитани сте, а тоа во моите очи ве прави уште понеубави и понепривлечни. Суетни и арогантни, опасна комбинација погубна по животот. Само затоа што физички си убав, не значи дека си паметен или дека треба да газиш по достоинството на другите луѓе.

Конечно, немате грам памет, грам харизма, половина грам шарм во себе. Додадете ја некултурата и необразованието и добивате кукла која знае само да трепка и да се смее. И тоа под туѓа команда, не може ниту да одлучи кога е вистинскиот момент за тоа.

Физичката убавина е минлива, карактерот е она што останува засекогаш, па вртете очи до утре сабајле и убедувајте се дека тоа го зборуваат само понеубавите луѓе.

Не, тоа го мислат и зборуваат вистински убавите луѓе. Оние кои се писмени, начитани и паметни. Оние кои се воспитани, кротки и добри во душата. Оние кои додека ти зборуваат мислиш златници им паѓаат од устата, чиниш сонце те огрева дури и кога е темно. Оние кои ти ја топлат душата.

Во југозападниот дел на Македонија обично за добриот човек се вели дека е УБАВ човек. И не може да биде поблиску до вистината.

Бидете комплетно убави, како одвнатре, така и однадвор. И верувале или не, една прочитана книга ќе ве направи многу попривлечни од цел плакар скапи алишта.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg