Се симнувам во еден маалски бутик во обид да пронајдам подарок за роденден. Во моментот кога јас влегувам во дуќанот од гардеробата излегува жена, некаде во 40-тите години и се погледнува во огледалото. Жената е малку полничка, ништо особено страшно. Изгледа малку тажно и многу уморно. Додека се огледува, а двете продавачки коментираат околу начинот на кој ѝ стои облеката, одеднаш се јавува (очигледно) нејзиниот маж: „Значи жено, ДЕБЕЛА си! Или ослаби или ќе те оставам“...