„Жена каква што ветувам дека ќе бидам...“ - писмо на жената која живее во сите нас
Јас не сум тип на жена која шета наоколу и бара љубов. Јас не сум жена која се плаши да биде сама.
Јас сум жена која ќе ја сакаш со секое парче од срцето, доколку си вистинскиот. Јас сум жена која ќе се грижи за тебе, ќе те изненадува, ќе биде нежна и ќе ти даде до знаење колку ѝ значиш.
Јас сум жена која сака силно да сака. Сакам да ја знам твојата сила и твојата слабост. Сакам да знам кој ти е омилениот начин да го поминеш неделното попладне и што сакаш да правиш кога надвор грми. Сакам да знам за твоето детство и како минатото влијаело на личноста која си денес.
Јас сум тип на жена која сака да ја знае секоја ситница за тебе, за да можам да го сакам секој кревок дел од тебе.
Но, исто така, јас сум жена која знае да застане за себе секојпат. Нема да дозволам да ме малтретираш. Нема да дозволам да ме газиш. Знам колку вредам и сакам така да се однесуваш со мене.
Нема да ти дозволам да ми кажуваш што смеам, а што не смеам да правам.
Јас сум тип на жена која не сака било кој или било што да ја контролира и омаловажува. Нема да ти дозволам да ми се исмеваш пред пријателите и шефовите. Не сум жена која сака да живее во твоја сенка. Јас не сум жена која ќе се повлече и ќе гледа како ти ги правиш важните работи. Ќе бидам до тебе, рамо до рамо. Сакам да седам покрај тебе. Сакам да те следам во чекор, додека се држиме за раце.
Секогаш ќе бидам тука кога ќе биде тешко. Ќе ти бидам поддршка кога не знаеш дали можеш да издржиш повеќе. Јас сум тип на жена која никогаш нема да се сомнева во тебе и секогаш ќе биде на твоја страна.
Ќе те туркам нанапред. Ќе ти помогнам да бидеш најдобра верзија од себе, да го искористиш целиот свој потенцијал. Нема да дозволам животот да минува покрај тебе, а ти да се каеш како не си го искористил во целост. Знам колку си силен, колку си прекрасен. Знам дека се сакаш себеси со иста мера како што те сакам јас.
Сакам да се соочиш со своите стравови, бидејќи знам што можеш да направиш кога ќе го погледнеш стравот право во очи и ќе решиш да го победиш.
Јас сум тип на жена која секогаш ќе биде вистинската јас. Нема да се менувам за да им удоволам на другите. Нема да ставам лажна насмевка кога нешто ќе ме јаде однатре.
Најважно, јас сум жена која ќе те сака со срцето, телото и душата, но само ако тоа го заслужуваш.