„Другарка ти те озборуваше пред сите“ - „Знам, толку ѝ е културата и капацитетот“

Како да ѝ објаснам дека сè уште гледа многу розово на работите, дека луѓето со годините стануваат расипани, а пријателствата ги прават безвредни?

drugarka-ti-te-ozboruvashe-pred-site-znam-tolku-i-ekulturata-i-kapacitetot-01.jpg

Една другарка целата возбудена за една заедничка познаничка ми вели: „Како можеш да се дружиш со неа? Таа не ти е вистинска пријателка... Сè што си ѝ кажала во доверба расеа пред целото друштво. Не ѝ верувај! Како може да биде таква?“

Ѝ велам:

„Не грижи се, ја познавам со години, знам каква е. Знам дека не е човек од доверба и тоа „сè“ што просеала наоколу за мене е она „сè“ кое јас и го сервирав, а не вистинското „сè“, ако ме сфаќаш што ти говорам?

Со годините, за жал, научив дека пријателствата не се повеќе онакви како во детството - комплетно искрени, без дамка на нив, со љубов вистинска и најчисти мисли и намери. Сега сите станаа себични, преокупирани со своите проблеми, завидливи на туѓата среќа. Па, таква е и таа, едно од многуте т.н. пријателства, кои ги одржувам затоа што сум социјална личност и ги сакам луѓето, сакам да минувам време со нив.

Ако ги бирам чисти и искрени и беспрекорни, онака како што јас би сакала, не би имала повеќе од 2, 3 пријателки во животот, а јас не можам да живеам во толку ограничен круг. Затоа се дружам и со оние кои на некој начин не го заслужуваат моето пријателство.

И знам дека ми зборува зад грб и знам дека е завидлива и знам дека има алергија на туѓ успех и сатисфакција од туѓ неуспех. Но, таква е таа. Ја прифатив и се издигнав над тоа. И станав свесна дека во очите на другите тоа што озборува говори повеќе за неа, отколку за мене.

Во нивните очи таа е безвредна личност на која апсолутно никогаш нема да ѝ го отворат срцето. Навистина немам време и енергија да ѝ го сервирам воспитувањето кои ѝ го скратиле мајка ѝ и татко ѝ дома.

Едноставно се помирив дека никој не е совршен и дека ако ги бирам пријателите по мои критериуми, тогаш најверојатно ќе бидам осамена со мал круг луѓе околу мене. Интересни ми се нејзините шеги, ми се допаѓа нејзината ведрина и луди приказни, па така правам неколку средби со неа месечно, но тоа не значи дека ја ставам на пиедестал, ниту дека безрезервно ѝ верувам.

Едноставно, се научив со кого како треба да функционирам и додека за некои луѓе знам дека попрво би ставиле рака во оган пред да кажат моја тајна, за неа знам дека послатко и е од локум да кажува лоши зборови за другите, меѓу кои и за мене, нормално.

Не сум како мажите кои ќе спијат со жена на прв состанок, па кога ќе ја земат за сопруга велат ама јас сум првиот со кој спиела така веднаш, знаеш неодолив ѝ бев, ја понесоа емоциите... Да, да ја понесоа, но по кој знае кој пат (си го зачувувам тоа за мене).

Но, мене со оваа пријателка не ме понесуваат, едноставно знам со кој до каде, а со неа ако животот ми зависи дефинитивно - никаде. За кафе средба и лабав муабет ќе помине и она. Да се посмееме, животот еден е.“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg