Поучна приказна: Што е единственото нешто во животот кое е вистински наше?
Еден човек починал...
Кога го сфатил тоа, видел како Бог доаѓа кон него со куфер во раката.
Како се одвивал дијалогот помеѓу Бог и мртвиот човек?
Бог: Во ред сине, време е да тргнеме.
Човекот: Зарем така брзо? Имав многу планови.
Бог: Навистина ми е жал, но време е да тргнеме.
Човекот: Што имаш во куферот?
Бог: Тоа што ти припаѓа.
Човекот: Тоа што ми припаѓа? Мислиш моите работи, облека, пари...
Бог: Тие работи не се твои, тие ѝ припаѓаат на Земјата.
Човекот: Дали се тоа моите сеќавања?
Бог: Не, тие му припаѓаат на времето.
Човекот: Дали се тоа моите таленти?
Бог: Не, тие им припаѓаат на околностите.
Човекот: Дали тоа се моите пријатели и семејство?
Бог: Не, сине. Тие му припаѓаат на патот по кој си одел.
Човекот: Дали тоа се мојата сопруга и деца?
Бог: Не, тие му припаѓаат на твоето срце.
Човекот: Тогаш тоа мора да е моето тело...
Бог: Не, не, тоа ѝ припаѓа на прашината.
Човекот: Тогаш тоа сигурно е мојата душа!
Бог: Грешиш сине, твојата душа ми припаѓа мене.
Човекот со солзи во очите и страв го зема куферот од божјите раце и го отвора. Празен е. Со скршено срце и солзи, кои му се слеваат по образите го прашува Бога:
Човекот: Никогаш ништо не било мое?
Бог: Така е, никогаш не си имал нешто од тоа.
Човекот: Па, тогаш... Што било мое?
Бог: Твоите МИГОВИ. Секој миг што си го живеел е твој.
С. С. | Црнобело