Трчај на депилација. Со восок, ладна, шеќерна, египетска. Брзо на нокти, пораснале некако. Педикир не заборавај, среди си ги стапалата. Подраснат корен, ѕиркаат многу бели влакна, кога на фризер, леле ќе има ли место?! Минимум еднаш месечно на козметичар. Порите ти се огромни, брчките веќе се наѕираат, си длабат спомени на лицето. Шминки, шминки, шминки, уште една нова пудра, две маскари и три нови кармини...