Го чекам денот кога на моето дете ќе му ја пуштам „Цреша“ и ќе му раскажам за големиот Тоше

Остави наследство какво другите не би можеле ниту за три животи. Да, јас сум од Македонија, од земјата на Тоше Проески.

toshe-proeski-nikogash-prebolen-nikogash-zaboraven-pred-tochno-37-godini-makedonija-go-dobi-svojot-angel-01.jpg

Кога мислиме на најсјајна точка на македонската естрада. Мислиме на него. Кога мислиме на најголем амбасадор на македонската музика во светот. Мислиме на него.

Кога мислиме на добар човек со вистински морални вредности, некој кој би го посочиле како совршен пример за нашите деца. Мислиме на него. Кога мислиме на вонсериски талент. Мислиме на него. Кога мислиме на загуба која нè боли до денес. Мислиме на него.

Единствен, неповторлив, никогаш заборавен, никогаш прежален... Нашиот ангел Тоше Проески денес ќе го славеше својот 41-ви роденден.

Но, наместо да тажиме што повеќе не е тука, ние ќе го славиме денот кога тој се роди, денот 25.01 кој засекогаш ќе ни буди посебни емоции во душата затоа што тогаш Бог ни испрати дар од небо.

toshe-proeski-nikogash-prebolen-nikogash-zaboraven-pred-tochno-37-godini-makedonija-go-dobi-svojot-angel-05.jpg

Македонија направила нешто добро за тој да се роди токму тука на ова мало парче земја. Да се има таков Македонец е чест и задоволство. Да се ужива во талентот на таков вонсериски уметник е вистински мелем за душа. Да се има неговата музика во наследство е гордост.

Кога на странци ќе им кажам дека сум од Македонија и ќе ми кажат „Ах, од земјата на Тоше Проески“ не знаете каква топлина ми ја облева душата.

Да, токму така, сакам да ја знаат мојава земја по нејзините најдобри синови, по невидените таленти, по луѓето кои се луѓе во вистинска смисла на зборот. А Тоше? Тоше беше сето тоа и многу повеќе.

toshe-proeski-nikogash-prebolen-nikogash-zaboraven-pred-tochno-37-godini-makedonija-go-dobi-svojot-angel-03.jpg

И едвај го чекам денот кога на моето дете ќе му ја пуштам неговата „Цреша“, „Солзи прават златен прстен“, „Љубена“ и ќе му раскажам за големиот човек кој Македонија ја имаше честа да го има.

Ќе му споменам какви емоции ме преплавуваа на концертите на најголемата македонска ѕвезда, како чекав редици со часови за автограм на цедето, како лепев постери со неговиот лик на ѕидовите од мојата детска соба, како со часови можев да ја слушам неговата музика и никогаш да не ми здодее и како сè уште можам да се расплакам на емотивните стихови и моќниот вокал.

Ќе го научам моето дете кој беше Тоше Проески, затоа што таков човек се раѓа еднаш и никогаш повеќе, а јас сум горда што ја имав честа да живеам во исто време со него.

toshe-proeski-nikogash-prebolen-nikogash-zaboraven-pred-tochno-37-godini-makedonija-go-dobi-svojot-angel-02.jpg

И ме боли што веќе не е тука. Но, колку и да беше прекус неговиот живот и колку и да ни беше неправедно одземен прерано, некако ме теши мислата дека живееше живот вреден за живеење, дека создаде наследство какво многумина и за три животи од по 100 години не би можеле да остават, дека остави толку длабока трага во срцата на сите што некогаш го запознале или слушнале за него што ќе живее вечно.

Ах Тоше... Никогаш преболен, никогаш заборавен!

Потсетете се на неговите најубави стихови...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во Македонија луксуз ни стана да отидеме во театар, на фризер и на ручек во кафеана Дојдовме во ситуација кога се молиме да не ни се најават гости, затоа што еден у...
И во Македонија има мажи домаќини, такви кои домот го претвораат во храм И во Македонија има мажи за медал. Онакви посветени на домот и семејството. Орга...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg