Вистински приказни кои се доказ дека заедно може да го промениме светот на подобро

Има луѓе кои се подготвени да се жртвуваат себеси за да помогнат на некој друг, и токму тие се инспирација за сите нас.

vistinski-prikazni-koi-se-dokaz-deka-zaedno-mozhe-da-go-promenime-svetot-na-podobro-01.jpg

Тие влеваат верба и надеж во добрината на општеството, а претставуваат пример кој секој треба да го следи.

Понекогаш, не мора да се жртвувате премногу себеси за да помогнете некому – доволно е да направите малку, што некому многу ќе значи.

Овие луѓе направиле вистински добри дела кои ќе ве мотивираат и вас, а воедно ќе ви влеат надеж дека светот може да биде подобро место за живеење.

Сите заедно можеме да направиме многу повеќе.

Инспирирајте се од следниве приказни:

Девојка ја жртвувала својата коса за да помогне на деца болни од рак.

https://www.instagram.com/p/BeXtvu6FlVU/?utm_source=ig_embed

7-годишно девојче, со помош на мајка ѝ почнала да готви и продава колачи на соседите за да собере 750.000 долари кои биле потребни за лекување на нејзината другарка.

vistinski-prikazni-koi-se-dokaz-deka-zaedno-mozhe-da-go-promenime-svetot-na-podobro-02.jpg

6-годишно момче од Ванкувер, еден дождлив ден, забележал бездомник на улица кој немал ни чадор, а ниту чевли. Оваа слика се врежала во срцето на момчето и со помош на родителите почнал да собира пари за да му купи чевли. За 5 месеци, собрал повеќе од 7.000 долари, со кои купил речиси 170 пара чевли, како и чорапи, ракавици и кабаници.

vistinski-prikazni-koi-se-dokaz-deka-zaedno-mozhe-da-go-promenime-svetot-na-podobro-03.jpg

Пензионерката Ана Лееб собирала празни шишиња на станица во Минхен за да заработи пари. Но, подоцна тоа ѝ било забрането и еден ден по навика таа земала едно празно шише и веднаш била приведена од чуварите. Судот, одлучил да ја казни со казна од 2.000 евра.

Откако приказната се проширила, била организирана кампања за да се соберат средства да се плати казната, а после неколку дена, потребната сум била надминaта неколкупати и сите средства биле префрлени на сметка на пензионерката.

 vistinski-prikazni-koi-se-dokaz-deka-zaedno-mozhe-da-go-promenime-svetot-na-podobro-04.jpg

Стар човек не можел да се одлучи да застане на ескалаторот. Неколку минути подоцна, му пришло момче, кој го фатил за рака и му понудил помош. Кога се симнале, дедото тивко му реков дека еднаш се заглавил на ескалатор и оттогаш се плаши од нив. Ако не бил овој љубезен поминувач, тој немало да се осуди да се симне надолу сам.

 vistinski-prikazni-koi-se-dokaz-deka-zaedno-mozhe-da-go-promenime-svetot-na-podobro-05.jpg

Младо момче кое седело на метро станица се мачело и не можело да ја заврзе краватата правилно. Жена која стоела до него го забележала тоа и побарала нејзиниот сопруг да го научи непознатото момче да врзува кравата. Човекот без двоумење, чекор по чекор, му покажал како се прави тоа.

 vistinski-prikazni-koi-se-dokaz-deka-zaedno-mozhe-da-go-promenime-svetot-na-podobro-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 кратки раскази, кои се помоќни од цела книга Секоја ноќ одиме во кревет, без некаква сигурност дека ќе бидеме живи наредното ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg