Поучна приказна за љубовта на синот кон неговата мајка
На својата свадба едно момче на чело на масата ја ставило својата мајка.
Сопругата дошла до него и го прашала: „Што бара таа старица тука? Веднаш да ја исфрлиш!“
Тој ѝ одговорил: „Тоа е мојата мајка“, а таа и понатаму го притискала да ја избрка од прославата.
Потоа синот дошол до микрофонот и ги прашал гостите:
„Кој ќе ја купи мојата мајка? Ја продавам денес, затоа што мојата сопруга не ја сака, која цена јa нудите?“
Сите зачудено гледале во него и никој ништо не одговорил.
Тогаш момчето ја фатило својата мајка за рака и рекло: „Никој не ја сака мојата мајка, но јас ја сакам“.
Излегло со неа во прегратка и ја оставило невестата со гостите. Со својата мајка си отишло дома.
По неколку дена на вратата од неговиот дом се појавил најбогатиот човек во тоа место и му рекол:
„Слушнав што се случило на твојата свадба и за постапката која си ја направил и јас затоа ќе ти ја дадам мојата ќерка. Бидејќи ти ако така внимаваш на својата мајка, сигурен сум дека одлично ќе се грижиш и за мојата ќерка.“
С. С. | Црнобело