Алал да му е, се изнакраде и натрупа пари, ќе те купи сосе чевли!

Чудно државиче стана ова. Не дека констатираме нешто ново, но се чини дека воодушевувањето кон криминални ликови кои го користат „распад-системот“ во кој живееме е на посебно завидно ниво последниве години.

Alal-da-mu-e-natrupa-pari-ke-te-kupi-sose-cevli-01.jpg

Во минатото можеби било срамно да кажеш дека се занимаваш со некои матни зделки и дека фаќаш кривини и скратени патчиња на патот кон богатството.

Денес не само што не е срамно, туку е еден вид пофалба. Што од самиот, што од другите.

Ти раскажува како се збогатил без срам и перде, па уште ти кажува згора на тоа колку си и ти будала што не го користиш системот како него.

„Не ме прашувај за првиот милион, после него сè е легално, хехе“. Демек, види ме колку сум способен, интересен и смешен истовремено.

Имаме толку испревртени вредности и перцепции што такви ликови ни се за восхит, ги гледаме со некоја недостижност и копнееме да бидеме како нив. По што точно копнееме, може некој да ми објасни?

Ама знаеш колку пари има тој? Ама не ми е гајле!

Ќе те купи сосе чевлите! Нема да ме купи со ништо! Ниту моето друштво, ниту моето пријателство.

Идоли ни се неписмени мрсулковци. Им се восхитуваме на криминалците колку биле способни.

Дали се доволно способни да заработат на легален начин? Треба сега да замижиме пред сите нивни мани и недостатоци, само затоа што имаат пари?

Треба да им се поклонуваме или да ја бакнуваме земјата по која одат? Што добро му направиле на светот, освен што нелегално се богатат на своја сметка и ја оштетуваат државата во која живееме ние, останатите кутри души кои ги воздигнуваме ваквите ликови?

Што е вредно за восхит кај еден таков лик? Што не ја знае вредноста на парите? Што бил доволно храбар да се впушти во криминал? Што е неписмен и се двоуми дали азбуката има 30 или 31 буква?

Што мисли дека со парите може да купи сè што ќе посака, вклучително и слободата да се однесува непристојно, некултурно и арогантно како најголемиот саможивник на планетава?

Не ви се восхитувам бре, јас ве жалам. Знам дека звучи смешно. Знам дека многумина си помислуваат - како да не, би се менувала со нив во првата прилика.

Еве ви кажувам од срце дека не би се менувала. Гајле ми е што си живеам скромно и согласно моите примања. Јас знам дека секој денар е лично мој, вредно заработен и заслужен. Мене ми е убаво кога ќе си легнам навечер. И мирно спијам.

Јас знам дека нема потреба да го купувам вниманието на моето друштво – веќе го имам. За без пари, замислете. Ја имам нивната поддршка, нивната наклоност и љубов.

И шегите кои ги кажувам и на кои тие се смеат се навистина смешни. Не се изнасилени и простачки, а насмевките изнудени од гладната публика како што е случајов кај криминалните новопечени богаташчиња.

Не е дека не ме смеете, како не ме смеете. Ме смее вашата глупавост, вашата неписменост, вашето ниско ниво на емпатија. Ме смее начинот на кој не умеете да се снајдете во интелектуални разговори, што се фалите како не сте прочитале ниту една книга уште од времето на „Зоки Поки“.

Хехе, навистина е смешно.

Ме растажува начинот на кој се однесувате со продавачки во супер маркет, со келнери кои ве служат, со персоналот во хотелот во кој престојувате.

Ме чуди што мислите дека светот се врти околу вас само затоа што имате пари. Дека некој вечно ќе замижува на вашата ароганција, злоба и неписменост.

Не ви се восхитувам, не сте ми достојни за почит и внимание. Не сте ми достојни ниту за разговор.

Им се восхитувам на умните, чесните и добрите луѓе. На културните со добри манири, кои не ја користат секоја можна прилика да истакнат колку имаат или колку чини нештото на нив.

Им се восхитувам на вредните, што од ништо направиле нешто, што макотрпно работеле. На паметните што постојано учат, на оние кои убаво се изразуваат. На оние кои им помагаат на понесреќните од нив кога се во неволја.

Конечно богати криминалчиња, ме чуди што мислите дека парите се вечни. Ако сте ги добиле со малку памет, на истиот начин и ќе ги изгубите. И тогаш ќе нема платено друштво што ќе се смее на простачките шеги.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg