Непроценливо е...
Непроценливо е да не навлегувате во туѓите живот, да не се оптоварувате со тоа кој што прави, кој што мисли и зборува, туку едноставно без многу филозофија да го живеете својот живот.
Непроценливо е да престанете да се жалите од ситниците и проблемчињата кои некогаш ги преценуваме.
Непроценливо е колку-толку да се ослободите од лошите навики, а уште подобро, да се ослободите од сите оние лоши луѓе кои ве оптоваруваат, ве прават нервозни и несреќни.
Непроценливо е да се потпрете на свое искуство и да тргнете нанапред низ животот, свесни дека слободата е најголемиот подарок кој не се продава за ништо на светот.
Непроценливо е да најдете 100 причини за насмевка, кога животот ви нуди 99 причини за плачење.
Непроценливо е да имате можност да направите чекор наназад, но само за да земете залет кон новата животна трка и да ги оставите зад себе сите оние кои ви велеа дека нема да успеете.
Вредно е сознанието дека она што го имате може да го имаат и другите, но непроценливо е сознанието дека вие сте нешто што другите никогаш нема да бидат, колку и да се трудат.
Непроценливо е да имате време за оние кои ги сакате, ставајќи ги над сите на листата на приоритети, па така да го почувствувате само најубавото од животот.
Непроценливо е да му дадете шанса на денешниот ден да не биде како оние останатите, туку да пронајдете нешто во него што ќе го направи подобар од нив.
Непроценливо е да знаете што да правите со својот страв и својот сомнеж, да сфатите дека тие не мора да бидат ваши господари, туку може да бидат орудие во вашите раце, од кое ќе направите нешто величествено.
Непроценливо е да не бидете достапни во секој момент од животот, бидејќи имате една оаза на мирот во која секогаш може да се сокриете во разни моменти и разни животни олуи.
Непроценливи се уште еден мал милион работи, само прво треба да научиме да цениме.