Што остана да се каже, кога пцовката ни е како добро утро, добар ден?

Се будиш и веднаш те удира оној наплив на емоции кој те враќа во реалноста и те потсетува каде живееш. Повторно слушаш слични разговори, најчесто невистинити, секој знае сè за секого и секој му го удира есапот на другиот. Сите метат по туѓи дворови и најчесто забораваат дека нивните дворови остануваат неизметени.

sto-ostana-da-se-kaze-koga-pcovkata-ni-e-kako-dobro-utro-dobar-den-001.jpg

Го вариш утринското кафе и на вести одат истите црни хроники, многу собраќајќи, умрени бебиња, починати пациенти во операциски сали. Циркус до циркус, трчаш на работа, да стигнеш да заработиш за сопствениот леб, онака чесно, со капка пот. Знаеш дека шефот се иживува врз тебе иако знае дека немаш излез и затоа го трпиш.

Ти во целиот тој хаос кој ти се случува, само посакуваш одново да дојде време за спиење за да ги затвориш очите и барем за момент да се исклучиш од секојдневното талкање кое има за задача да спои крај со крај. Она што најмалку ти треба е негативна енергија, која едноставно зрачи од секаде.

„Пи*ку ма*ер” слушаш во автобус, се обраќаат две пензионерки една на друга, затоа што едната седнала пред неа, а оваа планирала да седне таму. Дваесет минутното возење до работа, за кое потем стануваш еден час порано од нормалното бидејќи немаш автомобил за да стигнеш навреме, ти се претвора во пеколот на сочни пцовки, за едно единствено столче. Секој ден е така, секој ден истата приказна, со некоја нова будала.

„Пи*ку ма*ер да фатиш, немаш претстава што правиш” ѝ се обраќа шефот на твојата колешка, а ти уште со недопиено кафе ги превртуваш очите. Таа молчи, молчиш и ти, тишината доволно зборува за сите тројца и за она што треба да биде искоментирано во приказната.

„Пи*ку ма*ер” слушаш и на пауза, колегата се жали за високите сметки, што од струја, што од телефон. Кутриот не знае како ќе се преживее месецот, и место да ти каже добро утро, тој пак ја повторува едната иста пцовка, прашувајќи што ли ќе се прави. Така ти поминува и појадокот, со тие два фамозни збора, кои едноставно ги слушаш непрестајно.

После долги осум часови на работното место, се упатуваш дома. Низ паркот во кој поминуваш гледаш деца и за момент се соживуваш со нивната безгрижност. „ Пи*ка ти ма*ер ист си како мајка ти” му вели еден татко на сопственото дете. Ја руши целата таа идила која настанува за момент.

Кога ќе си дојдеш дома, слушаш како жената пцуе за она што се случило на работа, децата пцујат по тешкиот материјал од училиште и се она што можеш да сублимираш во твојата глава се тие два, одвратни збора кои станаа наше секојдневие.

Си помислуваш, има ли крај? Постои ли можност да престане? Од кога станавме дежурни создавачи на пцовки. Кога добро утро, добар ден и сите други културни зборови избледнаа поради желбата да се извика сочна пцовка?

Зарем не можевме барем малку да преголтаме и да го спречиме тоа ширење на негативна енергија. За момент да бидеме културни и да се стремиме да создадеме една идила која ќе насмее некого, наместо да му го расипе денот. До кога ќе се труевме себеси пцуејќи?

Легнувам во креветот, тој е толку топол, удобен и таман да се опуштам си помислувам конечно ќе се одморам. Почнувам да пцујам, ставам рака на усните, но ете - навика. Цел ден го слушам, па и јас како другите. Заборавив да ги измијам забите, морам да станам, повторувам уште еднаш прашувајќи се дали тоа навистина помага во момент на нервоза.

Дали мораше луѓето да налеваат масло во огнот со таа одвратна навика. Дали некогаш ќе најдеме соодветна замена за нив и ќе го спречиме беспотребниот раст на негативната енергија. Дали постоеше начин, да се каже нешто друго, за барем она што не мора, да не ни претставува тежина?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg