„Ќерко“, мажот нема да го промениш, ако не ти е добар пред бракот, нема да биде никогаш!

„Ќерко“, ако не знае да те љуби сега, нема да знае ниту во брак! Јас покрај мојот цел живот изгледав совршено, но никогаш не се чувствував така.“

kjerko-mazot-nema-da-go-promenish-ako-ne-ti-e-dobar-pred-brakot-nema-da-bide-nikogash-01.jpg

Таа целиот живот ми беше слика и прилика за совршена жена. Госпоѓа во вистинска смисла на зборот, но и домаќинка во вистинска смисла на зборот.

Нејзиниот дом секогаш блескаше од чистота, имаше највкусно приготвен ручек од свежи продукти, кои ги купуваше на дневна база од блискиот маркет. Секогаш имаше и супа и салата и десерт прсти да излижеш.

Од друга страна пак, не можевте да ја видите без беспрекорна фризура. Секогаш ја носеше својата омилена ладна, таа е жена од постарата генерација, и кошули од свила закитени со бисери. Сакаше класика и со помош на некои свои уникатни модни правила секогаш изгледаше беспрекорно.

Децата ги истера на прав пат, а староста ја минуваше во хармонија со избраникот на нејзиното срце со кој е заедно веќе цели 47 години.

Секогаш си мислев како никогаш нема да бидам ниту половина жена од тоа што е таа. Потребно е премногу труд за да бидете совршена мајка, сопруга, домаќинка и кариеристка едновремено.

Постојано со носот кон облаците, но не надмено и иритирачки, туку онака гордо и достоинствено чекореше откако ја познавам. Но, неодамна не знам од каде поттикнато и како таа емоционално се разголи пред мене.

Ми доаѓаше да си ги протријам и очите и ушите. Не ми се веруваше дека совршената жена сега пред мене така нежна и така ранлива ми раскажуваше за сите свои битки.

Ми вели како докторот ѝ советувал да мирува поради сериозните здравствени проблеми, а таа му се обратила: „Како да мирувам докторе, како кога веќе 47 години сум во брак со човек кој мир не ми дава? Постојано морам да климам со главата, да се согласувам со ставови кои не се мои, ниту ми се блиски, само за да не го разбудам ѕверот во него.

Неговиот лош темперамент докторе ми е кошмар од првиот ден брак. Изгледа погрешив што мислев дека имам моќ да го променам, дека мојата љубов има моќ да го промени.

Тоа ни е најголемата заблуда на нас жените, дека откако ќе го земеме мажот ќе успееме да го омекнеме.

Цел живот спијам покрај него и се будам со доза страв да видам каков ден ќе има денес, дали ќе почне без причина да вреска и да ми ја сервира сета негова исфрустрираност од животот. Ужасен е докторе, немам мир затоа и здравје немам. Не ми се малку годините, 67 имам, но на грбот ми тежат како да носам 115 лета и зими на себе.

Ја потрошив целата енергија на тоа да создадам илузија дека нашиот брак е среќен, дека јас сум среќна со него. Се смеев пред луѓето додека бев неговата боксирачка вреќа. Секој ден негативизам, скржавост за прегратки, несигурност... Секој ден психичко малтретирање.

И по години мислев дека сум научила да живеам така, но сега на 67 сфаќам дека сѐ уште ме боли што земав маж што не знае вистински како да ме сака“, ми ја раскажува со растреперен глас својата животна приказна жената за која мислев дека најголем проблем во животот ѝ е каква боја на чанта да стави, а таа пак се скршила пред докторот, целосен странец, и срцето го истурила пред него.

Ја гледам како со очи полни солзи ми вели:

„Немој да згрешиш како мене, те молам немој да земаш маж со мислата дека ќе го успееш да го промениш. Ако сега не ти е доволно добар, верувај ми никогаш нема да ти биде.

Те сакам како ќерка, не сакам како мене да се мачиш цел живот и да се прашуваш што ако играше поинаку, што ако по секоја цена не го слушаше срцето и свесно одеше против тоа што умот ти го врескаше – дека тој да те љуби не знае.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg