„Кога ми беше дијагностициран рак, се приклучив на Фејсбук група за млади жени со рак на дојка. Членките на оваа група ми дадоа сила да можам да продолжам кога ќе се чувствувам изгубено. Знаев дека овие жени ќе разберат како се чувствувам и низ што поминувам“, раскажува фотографка која имала двојна мастектомија, а сега гордо позира без облека и ги покажува лузните, со цел да им ја врати самодовербата на другите жени во слична положба.