Бизарно откривање на пол: 63-годишна жена и 26-годишниот сопруг чекаат дете од сурогат мајка
- Детали
- среда, 10 јули 2024
Шерил од САД има 63 години, а нејзиниот сопруг има 26. Тие очекуваат дете од сурогат мајка и неодамна направија прослава за откривање на полот, но се соочуваат со многу критики поради возраста на жената.
Шерил Мекгрегор и Куран Мекејн веќе се популарен пар на ТикТок, а нивната возрасна разлика е дури 37 години.
Шерил има 63 години, а сопругот Куран – 26.
Тие се запознале кога Куран имал само 15 години, поради што Шерил е критикувана дека го манипулирала.
Сега, пак, парот очекува и бебе, а неодамна направија и прослава за откривање на полот.
Минатата година, тие изјавија дека сакаат да имаат дете, но поради возраста на Шерил, се одлучиле за сурогат мајка.
Со видео на ТикТок, Шерил и Куран открија дека очекуваат девојче.
@oliver6060 Its a girl @King 🤴🏾 Quran #fyp #genderreveal #itsagirl #teamgirl #agegap #couplegoals
♬ original sound - Queen cheryl 👸
Во коментари, бројни корисници им честитаат за приновата:
„Навистина сум среќна за вас“.
„Шерил и Куран се преубав пар. Возраста не е важна. Гледаме дека вистински се сакате“.
„Шерил изгледа пресреќно“.
Но, има и критики:
„Се надевам дека Шерил ќе доживее да го види бебето“.
„Жално е за бебето, ќе нема мајка…“
„Не знам што е полудо – дали тие двајцата или нивните семејства што го поддржуваат ова“.
Инаку, Шерил веќе има седум деца и 17 внуци, додека за Куран ова е првото дете.
Шерил и Куран се запознале во 2012 година, кога и двајцата работеле во ресторан за брза храна.
Но, не почнале врска веднаш. Всушност, откако заминале од работното место, не биле во контакт неколку години.
Повторно се сретнале во 2020 година, кога Шерил била касиерка, а Куран пазарел во маркетот каде што таа работела.
Според нив, веднаш почувствувале привлечност еден кон друг и почнале да се гледаат.
Тогаш направиле профил на ТикТок и поради возрасната разлика, брзо станаа популарни.
Куран ја запроси Шерил во 2021 година, а запросувањето го емитуваше во живо и го следеа над 20.000 луѓе. Набрзо потоа и се венчаа.
Парот честопати се соочува со критики за возраста, особено кога открија дека сакат да имаат и дете.
На ова, Шерил изјави:
„Разбираме дека јас нема да бидам жива, но верувам во Куран. Ако јас не сум овде, тој ќе се грижи за детето.
Ќе биде одличен татко бидејќи е одговорна личност. Верувам дека може да го воспита нашето дете, и тоа многу добро.
Исто така, имаме поддршка од нашите семејства, но на почетокот се двоумеа“.
Куран, пак, има изјавено дека возраста не им значи ништо:
„Луѓето на социјалните мрежи многу нè критикуваат. Велат дека сум во врска со баба ми. Но, не сум – баба ми е постара.
Јас и Шерил сме како секој друг пар. Најважно е дека се сакаме. Без разлика што велат другите, не можат да нè повредат“.
Што мислите за одлуката на парот да има свое дете?
Спирова С. | Црнобело