Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога си платил за одмор: Вирално видео од маж кој седи во базен среде ураган

„Вака изгледа кога си платил скапо за одмор и местото е погодено од ураган!“ – се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, откако еден маж беше снимен како не излегува од базенот во хотел среде ураганот Берил, кој деновиве дивее низ Атлантскиот Океан.

koga-si-platil-za-odmor-viralno-video-od-mazh-kako-sam-sedi-vo-bazen-srede-uragan-01.jpg

Ураганот Берил ја погоди Јамајка, со силни ветрови кои се движеле со брзина до 215 километри на час, а потоа ослабен се упати кон Мексико.

Во Доминиканска Република, пак, биле забележани огромни бранови и ветришта уште пред два дена (03.07).

Но, на социјалните мрежи едно видео стана вистински хит заради лудоста и храброста на човекот, кој не сакал да дозволи ураганот да му го уништи одморот.

Американката Клои Александер во моментов со семејството е на одмор во Пунта Кана во Доминиканска Република, а за време на ураганот Берил, таа од својата хотелска соба успеала да сними несекојдневна глетка и ја објави на ТикТок.

Во само неколку часа, видеото вирално се прошири на социјалните мрежи.

koga-si-platil-za-odmor-viralno-video-od-mazh-kako-sam-sedi-vo-bazen-srede-uragan-02.jpg

За време на најголемите ветришта, маж не сака да излезе од базенот во хотелот и со очила храбро го пречекува невремето.

„Ниту ураганот Берил не може да му го расипе одморот“ – напиша таа во описот.

koga-si-platil-za-odmor-viralno-video-od-mazh-kako-sam-sedi-vo-bazen-srede-uragan-03.jpg

Коментарите под нејзиното видео се смешни, иако сите се свесни дека тоа што овој човек го прави е мошне опасно.

„Си рекол: ‘Платив за одморов и ќе искористам сѐ што можам’“;

„Го избрав хотелов само заради базенот и никој нема да ме извади одовде“;

„Најверојатно си помислил дека секако ќе биде мокар, без разлика дали е во базенот или надвор од него“;

„Платив скапо за одморов – штета е да пропадне“ – стои во дел од коментарите.

Погледнете го видеото во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бебе се роди во авион среде лет кон Брисел: „Со жена ми бевме на тој лет – секоја чест за тимот“ „Беше посебен момент кога екипажот рече – имаме нов патник на летот“ - Кратко по...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Бизарно: Маж стана вирален хит - шета секси близначки на синџир Тој си ги шета на синџир, си ги носи на шопинг во Chanel, тие си јадат сладолед ...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Откорнати покриви, милиони луѓе без струја - Застрашувачки видеа од ураганот Милтон во Флорида Петти пат годинава, САД се соочува со ураган. Милтон ја погоди Флорида која пред...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg