„Дечко ми ме запроси како во бајките, а јас го изгубив прстенот во океан – сите минувачи бараа со нас“
- Детали
- недела, 14 јули 2024
Само што рекла „Да“ свршеникот ја кренал во раце и ја однел во океанот... Но, во истиот миг, таа го загубила свршеничкиот прстен што тој ѝ го дал само неколку минути претходно. Лудата приказна за запросувањето на оваа Американка ќе ве насмее.
Американката Кејти Николсон (24) долго ќе го помни денот кога нејзиниот свршеник ја побарал за сопруга.
Тој приредил романтично запросување од соништата покрај океан и клекнал пред неа на едно колено.
„Многу сум среќна што ќе го поминам животот со мојот најдобар другар и со најпрекрасниот човек.
Многу сум возбудена за ова следно поглавје со тебе“ – напиша таа до фотографиите на Инстаграм.
Потоа објави уште едно кратко видео, со кое покажа дека освен совршеното запросување, ќе имаат најлуда приказна што ќе им ја раскажуваат на своите потомци во иднина.
Откако Кејти рекла „Да“, нејзиниот свршеник од преголема возбуда ја земал во раце за да ја однесе во океанот – но, тоа не поминало добро...
„Чекај, прстенот!“ – пишува таа на фотографијата во која се гледа дека и двајцата се во вода.
Тие почнале да го бараат панично прстенот во океанот, па дури и луѓето околу нив почнале да им помагаат во потрагата.
Таман помислиле да се откажат и дека е невозможно да го најдат свршеничкиот прстен, еден од случајните минувачи успеал да го најде.
На крај Кејти се фотографира со свршеничкиот прстен на раката, а во описот напиша:
„Ова навистина беше бура од емоции... Мислам дека ни е судено да останеме заедно...“
Погледнете го видеото од запросувањето:
Погледнете уште неколку фотки во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело