-->
-->


„Свршеникот ме изневери пред свадбата, па си направив забава за да ја прославам слободата“

Линдзи Слејтер (31) од Велика Британија доживеала непријатно изненадување по 12 години љубов, но тоа не ја спречило и да прослави и да го искористи аранжманот за меден месец.

svrshenikot-me-izneveri-pred-svadbata-pa-si-napraviv-zabava-za-da-ja-proslavam-slobodata-01.jpg

Линдзи Слејтер (31) од Велика Британија 6 седмици пред свадбата дознала дека свршеникот ја изневерува, па наместо да ја откаже свадбената церемонија, во која вложила многу пари, време и нерви, одлучила да ја одржи забавата, но овојпат наместо стапувањето во брак да си ја прослави слободата.

Со 70 членови на семејството и пријатели, како и венчаница од 1.400 евра Линдзи славела цела ноќ.

svrshenikot-me-izneveri-pred-svadbata-pa-si-napraviv-zabava-za-da-ja-proslavam-slobodata-04.jpg

Интересно е што не дозволила да ѝ пропадне ниту медениот месец, па на уплатеното патување на грчкиот остров Крит отишла со свој пријател.

Линдзи со партнерот била заедно 12 години и вели дека, како таа, така и сите други биле шокирани од неговото однесување.

svrshenikot-me-izneveri-pred-svadbata-pa-si-napraviv-zabava-za-da-ja-proslavam-slobodata-02.jpg

„За среќа, бев опкружена со многу љубов по неговото неверство и семејството и пријателите ме потсетија дека тој не ми е потребен за да бидам среќна.

Па, така одлучив денот на кој требаше да биде свадбата да го славам, наместо да плачам дома“, изјави таа за магазинот „Sun“.

svrshenikot-me-izneveri-pred-svadbata-pa-si-napraviv-zabava-za-da-ja-proslavam-slobodata-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Норвешката принцеза направи „свадба на годината“ на вересија, па побегна – должи 86.000 евра „Не побегнаа од Норвешка заради секс-скандалите на сопругот, туку заради долгови...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
Јапонија и сè е можно: Дечко дознал дека неговата девојка е 25 години постара од него, на денот пред... По 7 години врска, на денот пред свадбата, младоликата Јапонка Аки му признала н...
Принцезата од Дубаи „го откачи“ сопругот преку Инстаграм, 1 година откако потрошија 50 милиони долар... Пред една година направија кралска свадба, а сега се чини дека се разведуваат. ...
Британка омажена за милионер од Дубаи: „Добив 10 милиони долари мираз, ако ме изневери ќе му ги зема... „Ако мојот сопруг некогаш ме изневери, треба да ми даде 100 отсто од неговото бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg