Норвешката принцеза направи „свадба на годината“ на вересија, па побегна – должи 86.000 евра
- Детали
- четврток, 28 ноември 2024
„Не побегнаа од Норвешка заради секс-скандалите на сопругот, туку заради долговите“ – тврдат норвешките медиуми кои пишуваат за огромните долгови на норвешката принцеза Марта Луиз и нејзиниот сопруг Дурек Верет, по свадбата со 350 гости за која не платиле.
Во август годинава, норвешката принцеза Марта Луиз (53) стапи во брак со самопрогласениот шаман Дурек Верет (50) пред 350 гости од целиот свет и во кругот на кралското семејство на Норвешка.
Нивната свадба беше настан за кој долго се зборуваше, затоа што не се штедеше на ниту еден детаљ, a гостите имаа можност да уживаат во тридневни забави, патувања со брод по фјордовите и луксуз.
Само неколку месеци по свадбата, парот се најде среде скандал кога маж од Шведска го обвини шаманот за сексуално злоупотребување за време на сесиите.
Потоа норвешките медиуми објавија дека Марта Луиз знаела за „грешките“ на нејзиниот сопруг кој често знаел орално да ги задоволува клиентите за време на спиритуалните сесии.
По ова, во медиумите имаше коментари дека најверојатно парот заради скандалот одлучил да ја напушти Норвешка и да замине во Калифорнија, но според Se og Hor тоа не била единствената причина.
Наводно, освен заради секс-скандалот, парот одлучил да ја напушти земјата и заради огромните долгови за свадбата, што требаше да ги исплатат од сопствен џеб.
Уште пред да се одржи свадбата, кралското семејство во Норвешка најави дека парот треба сам да си плати за настанот и дека кралската каса нема да им биде отворена.
Сега, 3 месеци по свадбата, норвешките медиуми тврдат дека принцезата и нејзиниот сопруг сè уште не ги исплатиле долговите кон повеќе норвешки компании кои ги извршиле своите услуги за време на настанот.
Принцезата и нејзиниот сопруг должеле околу 1.000.000 норвешки круни, или околу 86.000 евра, а компаниите се жалеа во медиумите, нагласувајќи дека заради овие долгови не се во можност да ги исплатат трошоците кои ги имале за да ја обезбедат услугата на двојката.
Марта Луиз во 2022-ра година се откажа од нејзината кралска титула за да може да се посвети на животот со нејзиниот сакан.
Инаку, ова не е единствениот скандал што во моментов „го тресе“ норвешкото кралско семејство.
Посинокот на престолонаследникот Хакон, пред извесен период се најде во таблоидите откако беше обвинет за силување.
Прочитајте и „Ми го допираше половиот орган“ – Сопругот на норвешката принцеза Марта Луиз обвинет за злоставување, 2 месецa по свадбата
Б. С. Б. | Црнобело