„Ми го допираше половиот орган“ – Сопругот на норвешката принцеза Марта Луиз обвинет за злоставување, 2 месецa по свадбата

„Почна да ме допира за половиот орган. Јас почнав да го туркам, а тој се обидуваше кај мене да предизвика ерекција“ – Швеѓанец го обвини скандалозниот сопруг на норвешката принцеза Марта Луиз за сексуално злоставување, само 2 месецa откако таа стапи во брак со шаманот.

mi-go-dopirashe-poloviot-organ-soprugot-na-norveshkata-princeza-marta-luiz-obvinet-za-zlostavuvanje-2-meseci-po-svadbata-01.jpg

Само по два месецa откако стапи во брак со норвешката принцеза Марта Луиз, самопрогласениот шаман Дурек Верет се најде среде нов скандал.

Швеѓанец го обвинува за сексуално злоставување за време на терапијата што му ја нудел.

mi-go-dopirashe-poloviot-organ-soprugot-na-norveshkata-princeza-marta-luiz-obvinet-za-zlostavuvanje-2-meseci-po-svadbata-04.jpg

Како шаман, Дурек Верет зборува за љубовта, но терапијата што му ја понудил на Швеѓанецот Јоаким Бостром била непријатна и непригодна, според изјавите на клиентот.

Бостром се обрати до медиумите и ја раскажа својата приказна за искуството со самопрогласениот шаман и детално опиша зошто се чувствува злоупотребено.

Прочитајте и Првиот сопруг се самоубил, верена e со самопрогласен шаман што тврди дека лекува рак – Факти за скандалозната принцеза Марта Луиз од Норвешка

mi-go-dopirashe-poloviot-organ-soprugot-na-norveshkata-princeza-marta-luiz-obvinet-za-zlostavuvanje-2-meseci-po-svadbata-09.jpg

Бостром и Верет се запознале во 2015-та година во Њујорк и имале духовна поврзаност, по што Швеѓанецот одлучил да оди на терапија кај шаманот.

Тој раскажува дека веднаш штом легнал на креветот, Дурек почнал да го допира и да бара од него да се соблече.

„Ми рече дека имам некаква циста на половиот орган и ме праша дали е во ред да ме допре“.

mi-go-dopirashe-poloviot-organ-soprugot-na-norveshkata-princeza-marta-luiz-obvinet-za-zlostavuvanje-2-meseci-po-svadbata-05.jpg

По првата непријатна сесија Бостром се преселил во Шведска и таму ја имале втората сесија.

„Почна да ме допира за половиот орган. Јас почнав да го туркам, а тој се обидуваше кај мене да предизвика ерекција.

Го молев да престане, но не сакаше.

Ми се чинеше дека е решен да ме натера да имаме секс.

Тоа беше непочитување на моите граници.

Кога ќе се вратам наназад сфаќам дека тој беше опседнат со секс“ – вели тој.

mi-go-dopirashe-poloviot-organ-soprugot-na-norveshkata-princeza-marta-luiz-obvinet-za-zlostavuvanje-2-meseci-po-svadbata-06.jpg

Швеѓанецот не го пријавил случајот и вели дека сега жали за тоа, но во тој период само сакал да го прекине секој контакт со шаманот, па дури во моменти на слабост му пратил заканувачки пораки.

Тој ја раскажува сега својата приказна со цел да ги предупреди луѓето дека Дурек не е вистински шаман, туку станува збор за манипулативна личност, чијашто главна цел е само да добие моќ.

mi-go-dopirashe-poloviot-organ-soprugot-na-norveshkata-princeza-marta-luiz-obvinet-za-zlostavuvanje-2-meseci-po-svadbata-07.jpg

Сопругот на норвешката принцеза ги одбива сите тврдења и вели дека тие имале нормален однос како клиент и исцелител.

Но, тој не планира да ги остави работите на случајност, па веќе го ангажирал адвокатот Геир Липестад (60) кој го бранеше убиецот Андерс Брејвик во 2011-та година.

mi-go-dopirashe-poloviot-organ-soprugot-na-norveshkata-princeza-marta-luiz-obvinet-za-zlostavuvanje-2-meseci-po-svadbata-02.jpg

Прочитајте и Младоженецот е бисексуалец и шаман кој тврди дека зборува со мртви - Скандалозната норвешка принцеза се мажи вторпат

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Сонувала да се омажи за богат маж, но сама заработила милиони - Самохрана мајка од Гана е вистинска ... Одбила брак со милионер, останала сама со 2 деца и морала да се врати во родното...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
Ги прекрши правилата на настапот, страда од АДХД – Која е Иркинката што изведе сатанистички ритуал н... Како тинејџерка била принцеза на роденденски забави за деца со посебни потреби, ...
„Жена ми побара развод, зашто гатачка ја излажала дека ја изневерувам, сега бара да се смириме – Што... „Рона почна да се однесува чудно. Ме проверуваше на работа, доаѓаше кога работев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg