Младоженецот е бисексуалец и шаман кој тврди дека зборува со мртви - Скандалозната норвешка принцеза се мажи вторпат
- Детали
- сабота, 06 јули 2024
Заради оваа врска, принцезата мораше да се откаже од кралските должности, а сега во август ќе се омажи за свршеникот кој е бисексуалец и шаман, а тврди дека како дете станал од мртвите. Што знаеме за скандалозната свадба на норвешката принцеза Марта Луиз?
Норвешката принцеза Марта Луиз (52) најави дека на 31-ви август годинава ќе се омажи за својот свршеник Дурек Верет, со кого веќе подолго време е во врска и заради кого се откажа од кралските должности.
Дурек е бисексуалец и самопрогласен шаман, кој тврди дека може да лекува рак, а наводно самиот станал свесен за сопствената шаманска дарба на 5 години, но почнал да вежба на 11 години.
Тој важи за контроверзна личност, затоа што тврдеше дека ракот се добива само од тоа што луѓето се несреќни, а заради контроверзните тврдења неговата книга за духовно лекување била повлечена од печат.
Освен тоа, самиот раскажува дека „се вратил од мртвите“, откако цел месец бил во кома, па морало да му биде трансплантиран бубрег од неговата сестра.
Но, тој не откри за каква болест се работело и зошто воопшто морало да му се направи трансплантација.
Тој често тврди дека е шаман од шеста генерација, кој редовно комуницира со мртвите, а наводно неговата мајка Верушка предвидела дека еден ден ќе ја пронајде својата сродна душа во Норвешка и дека таа ќе биде принцеза.
„Мајка ми ми рече дека сфатиле оти јас сум назначен да бидам посебна личност уште додека била бремена со мене.
Таа свиреше на тапани и ме научи сè што знае за растенијата. Тогаш за првпат паднав во транс и имав можност да ги видам моите предци…
Тогаш не знаев кои се тие луѓе. Се сеќавам дека една од жените беше облечена во бело и имаше темна кожа, а ми зборуваше мошне јасно.
Подоцна сфатив дека таа е мојата пра-прабаба која исто така била шаман и ме посетила од духовниот свет“ – раскажа во една пригода Дурек.
Контроверзниот пар е заедно од 2019-та година и иако семејството на норвешката принцеза долго се противеше на оваа врска, парот сепак ќе застане пред олтар, а веќе се објавени и детали за тоа како ќе се одвива церемонијата.
Свадбата ќе трае 4 дена, а ќе започне на 29-ти август со прием на гостите во хотел со коктели.
Потоа гостите со брод ќе бидат пренесени на местото што е под заштита на УНЕСКО, Геирангерфјорд, каде треба да се одржи официјалната церемонија.
Тие ќе се заколнат на вечна љубов пред норвешкиот свештеник Маргис Ловс Холте, но и пред духовниот гуру Мајкл Беквит од САД.
По ова, во недела ќе има забава на која треба да настапат Black Eyed Peas и Стиви Вондер.
Прочитајте и Првиот сопруг се самоубил, верена e со самопрогласен шаман што тврди дека лекува рак – Факти за скандалозната принцеза Марта Луиз од Норвешка
Б. С. Б. | Црнобело