Првиот сопруг се самоубил, верена e со самопрогласен шаман што тврди дека лекува рак – Факти за скандалозната принцеза Марта Луиз од Норвешка
Пред неколку години од неа бараа да се откаже од круната, затоа што по самоубиството на сопругот започнала врска со самопрогласен шаман од САД, со кого се вери минатиот месец - Која е принцезата Марта Луиз, престолонаследничка во Норвешка и во Британија?
Принцезата Марта Луиз е најстарото дете на кралот Харалд Петти и Кралицата Соња, чијшто живот во изминатите години беше во фокусот на јавноста заради голем број приватни случувања во нејзиниот живот.
Позната е по тоа што долги години наназад се занимавала со проекти поврзани со културата, а особено внимание посветувала на преработката на норвешките бајки.
Пред неколку години, Марта (50) беше во фокусот на јавноста затоа што од неа се бараше да се откаже од кралската круна, откако започна бизнис и романтична врска со Дурек Верет (47), самопрогласен шаман од САД, кој тврди дека може да ги излекува болните од рак.
Иако не е толку често застапена во таблоидите како некои членови на британското кралско семејство, за принцезата Марта Луиз од Норвешка се врзуваат повеќе интересни детали и факти од нејзиниот живот.
Во продолжение погледнете неколку од нив:
Иако е најстаро дете во кралското семејство Марта не е прва наследничка на кралот, само затоа што е жена. Иако биле направени измени на законот во 90-тите години, сепак Марта и денес е четврта по ред наследничка, а пред неа се прво машките наследници, но и нејзината постара братучетка.
Освен што е прогласена за наследничка на Норвешката, таа би можела да ја наследи и британската круна затоа што нејзиниот татко е втор братучед на Кралицата Елизабета. Сепак, на тамошниот список на наследници Марта се најде на 26-тото место.
Во 2000-та година на 29-годишна возраст Марта се омажила за писателот Ари Бен, со кого добила 3 деца.
Нејзиниот сопруг на почетокот на 2000-тите години честопати се наоѓаше во таблоидите затоа што добивал поделени критики за неговите пишувани дела. Интересно е тоа што тој постојано влегувал во јавни дуели со критичарите, па во 2001-ва година го предизвикал критичарот Кјетил Ролнес на дуел со пиштол или меч.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





