8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга
Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки медали.
Сместена во Северна Европа, Норвешка важи за една од најсреќните земји.
Но, покрај добриот животен стандард, Норвежаните можат да се пофалат со многу други работи.
Неколку забавни факти за Норвешка:
Во Норвешка се наоѓа најдолгиот тунел во светот
Lærdal е името на најдолгиот тунел во светот и се наоѓа во Норвешка.
Има должина од 24,5 километри и ги поврзува општините Еулран и Лердал.
Главниот поручник на кралската гарда е пингвин
Нилс Олав е името на пингвинот кој е маскота, но и главен поручник на норвешката кралска гарда.
Необичната традиција почнала во 1972 година, кога војник од кралската гарда посвоил пингвин од зоолошка во Норвешка.
Му го дал името Нилс Олав и со текот на времето пингвинот станал маскота, па и бил прогласен за врховен поручник на гардата.
Оттогаш, три пингвини ја имале титулата, а сегашниот го носи името Нилс Олав Трети.
Норвешка го поседува најдалечниот остров на Земјата
Островот Бувеј се наоѓа во јужниот дел на Атлантскиот Океан и важи за најоддалечениот остров во светот.
Островот е ненаселен и е заштитено подрачје, а од 1928 година е во сопственост на Норвешка.
Норвежаните го измислиле скијањето
Најстарите документирани докази за скијање потекнуваат од Норвешка.
Доказот е всушност слика изрезбарена во камен на која е претставен човек кој скија.
Се проценува дека сликата е стара околу 4.000 години.