„Жена ми побара развод, зашто гатачка ја излажала дека ја изневерувам, сега бара да се смириме – Што да правам?“

„Таа почна да се однесува чудно. Ме проверуваше на работа, доаѓаше кога работев до доцна. Бараше да го користи мојот телефон, затоа што нејзиниот нема батерија“ - млад маж ја раскажува неверојатната приказна како неговата сопруга побарала развод заради лажни тврдења на гатачка.

zhena-mi-pobara-razvod-zashto-gatachka-ja-izlazhala-deka-ja-izneveruvam-sega-bara-da-se-smirime-shto-da-pravam-01.jpg

Постојат луѓе што веруваат во тврдењата на гатачки и гатачи, па понекогаш не сакаат да сфатат дека постојат други рационални објаснувања, а таква е и приказната за сопругата на овој анонимен корисник на Reddit чија сопруга одлучила да стави крај на бракот.

Тој раскажува како со сопругата Рона се сретнале додека биле на колеџ, и, како што напомнува, направил огромна грешка затоа што верувал дека тоа што жена му е на мастер студии значи дека има разум.

Тие двајца започнале врска, почнале да живеат заедно, а по завршувањето на студиите одлучиле да стапат во брак.

„На свадбата ја запознав нејзината другарка Ана, која понуди да ми гата на дланка затоа што има ромско потекло. Тоа ми беше чудно тогаш, но не обрнав внимание.

Ана ретко си доаѓа во нашиот град, затоа што живее во Њујорк. Па сме се виделе можеби само 4 пати во изминатите две години. Последен пат кога си дојде дома за празниците, работите станаа чудни.

Рона почна да се однесува чудно. Ме проверуваше на работа, доаѓаше кога работев до доцна. Бараше да го користи мојот телефон, затоа што нејзиниот нема батерија“ – раскажува тој.

zhena-mi-pobara-razvod-zashto-gatachka-ja-izlazhala-deka-ja-izneveruvam-sega-bara-da-se-smirime-shto-da-pravam-02.jpg

Набрзо потоа, сопругата почнала да го обвинува дека има афера, на што тој почнал да се смее, а таа била уште посигурна во тоа, затоа што Ана (гатачката) ѝ рекла дека тој ќе се смее кога ќе го обвини.

„Се смеев затоа што тоа беше смешно. Немав време ниту за мојата сопруга заради работата. Дома бев по цел викенд, а кога одев на голф речиси секогаш одев со брат ѝ.

И најважно од сè, ја сакам жена ми – не би направил ништо за да ја повредам, а таа повеќе ѝ верува на гатачката, отколку мене“ – вели тој.

По ова Рона се отселила од семејниот дом и побарала развод, иако нејзините биле против тоа.

zhena-mi-pobara-razvod-zashto-gatachka-ja-izlazhala-deka-ja-izneveruvam-sega-bara-da-se-smirime-shto-da-pravam-03.jpg

Но, по само неколку месеци таа почнала да се јавува и да го моли да се сретнат и да разговараат.

„Излезе дека нејзините родители вработиле приватен детектив за да ја разоткрие мојата афера.

По шест месеци добиле огромна сметка, но никакви знаци дека ја изневерувам.

Таа конечно почна да ми верува и да ме моли да се врати дома.

Јас ѝ реков дека го откажав станот и дека наскоро ќе се селам во Денвер, каде ќе бидам поблиску до моите, на што таа ми рече дека сака да дојде со мене.

Учтиво ја одбив – ѝ реков дека не сме еден за друг. Вистината е дека не сакам да имам деца со таква личност“ – вели тој.

Родителите на Рона го молеле неколкупати да остане и да го спаси бракот, па дури и му понудиле да му позајмат пари за да купи куќа со ќерка им, но тој не прифаќа.

zhena-mi-pobara-razvod-zashto-gatachka-ja-izlazhala-deka-ja-izneveruvam-sega-bara-da-se-smirime-shto-da-pravam-04.jpg

За крај тој прашува дали згрешил што не сака да се помири со сопругата.

Одговорите што тој ги доби се најразлични, но сите се сложуваат дека ја донел вистинската одлука што не отстапува од разводот.

„Дури и нејзините родители сакаат да се спасат од неа. Потрошиле куп пари на детектив, не за да ѝ помогнат, туку за да се ослободат од неа, а сега ти даваат пари за да си ја земеш. Размисли за тоа“ – му порачува еден од следбениците.

zhena-mi-pobara-razvod-zashto-gatachka-ja-izlazhala-deka-ja-izneveruvam-sega-bara-da-se-smirime-shto-da-pravam-05.jpg

Што мислите вие? Постои ли можност за спасување на бракот откако лажно ќе го обвините и ќе го оцрните партнерот?

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg