Британка омажена за милионер од Дубаи: „Добив 10 милиони долари мираз, ако ме изневери ќе му ги земам сите пари“

„Ако мојот сопруг некогаш ме изневери, треба да ми даде 100 отсто од неговото богатство “– вели инфлуенсерка која е во брак со арапски милионер, а на Инстаграм се фали со животот на висока нога и богатството.

britanka-omazhena-za-milioner-od-dubai-dobiv-10-milioni-dolari-miraz-ako-me-izneveri-kje-mu-gi-zemam-site-pari-01.jpg

Сауди Ал Надак е инфлуенсерка која на социјалните мрежи редовно се фали со животот на висока нога што го живее благодарение на нејзиниот сопруг, кој е милионер од Саудиска Арабија, а заедно живеат во Дубаи.

Таа честопати е критикувана дека се омажила само за пари и дека сите нејзини објави се фокусираат само на материјалното богатство што нејзиниот сопруг го поседува.

britanka-omazhena-za-milioner-od-dubai-dobiv-10-milioni-dolari-miraz-ako-me-izneveri-kje-mu-gi-zemam-site-pari-02.jpg

Таа понекогаш знае и да ги посоветува своите следбенички кои размислуваат да стапат во брак со арапски милионер на што треба да внимаваат и на кои детали посебно треба да се осврнат.

Во најновите објави, таа раскажува каков бил предбрачниот договор што таа го направила со нејзиниот сопруг Џамал, пред да одлучи да ја напушти родната Англија и да се пресели во Емиратите.

britanka-omazhena-za-milioner-od-dubai-dobiv-10-milioni-dolari-miraz-ako-me-izneveri-kje-mu-gi-zemam-site-pari-04.jpg

Како што вели, нејзиниот сопруг ѝ дал „мошне разумен мираз во износ од 10 милиони американски долари“. Обично жената го добива миразот пред да стапи во брак и го задржува целиот износ за себе.

Освен тоа, Сауди вели дека жените обично може да додадат делови во предбрачниот договор, до кои сопругот мора да се придржува.

„Јас додадов клаузула во која се нагласува дека ако мојот сопруг некогаш ме изневери, треба да ми даде 100 отсто од неговото богатство.

На овој начин, ако некогаш ме изневери нема да морам да зависам од моето семејство“ – вели таа.

britanka-omazhena-za-milioner-od-dubai-dobiv-10-milioni-dolari-miraz-ako-me-izneveri-kje-mu-gi-zemam-site-pari-03.jpg

Исто така, ако нејзиниот сопруг сака да земе втора сопруга, што е сосема нормално во арапските земји, тој ќе мора прво да побара дозвола од неа.

„Мажите секогаш ќе го прават тоа што го сакаат, а на крајот на денот, мора сами да се заштитите себеси и да ја земете чантата со пари“ – им порача Сауди на своите следбенички.

britanka-omazhena-za-milioner-od-dubai-dobiv-10-milioni-dolari-miraz-ako-me-izneveri-kje-mu-gi-zemam-site-pari-05.jpg

На многумина им се допадна нејзиното видео, а други, пак, коментираат дека таа на овој начин само докажала оти не се омажила од љубов, туку само заради пари. Истовремено, девојката се соочува со критики дека им промовира погрешни вредности намладите девојки.

@soudiofarabia

You girls can thank me later ✨ #dubai #nikah #prenup #ksa

♬ original sound - Soudi🇬🇧 & Jamal🇦🇪

Погледнете дел од нејзините објави на Инстаграм:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg